Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување“ – Весна Петрушевска реагира на коментарите по објавата на аферата со Бранко Црвенковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување“ – Весна Петрушевска реагира на коментарите по објавата на аферата со Бранко Црвенковски
ЗАБАВА

„Сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување“ – Весна Петрушевска реагира на коментарите по објавата на аферата со Бранко Црвенковски

Објавено July 11, 2025 10:01
Сподели
Сподели

Актерката, Весна Петрушевска, реагира на коментарите со кои се соочи, откако во поткаст обелодени дека пред години имала афера со тогашниот премиер, Бранко Црвенковски.

Петрушевска воглавно наиде на морализирање, но и навредливи коментари на социјалните мрежи. Имаше и такви кои во нејзина одбрана, но и за волја на вистината, искоментираа дека ако на пример, актер изјавеше дека имал афера со македонска политичарка, ќе беше најголем фраер, алудирајќи на тоа дека општетството страда од двојни стандарди, и тоа не се случува првпат.

Петрушевска се осврна на оние кои, како што рече, „се многу чесни, а се потепаа од изневерувања и играње улоги на добри родители“.

Нејзината објава ја пренесуваме во целост:

„Затоа што сите сте многу чесни ,а се потепавте од изневерување и прељуби, затоа што се потепавте да играте улоги на добри родители, а децата ви се неписмени. Затоа што морализирате, а подалеку од носот не сте мрднале, затоа што и покрај тоа што е ми се случи во животот јас не престанав да бидам поветена мајка, професорка на илјадници деца кои се пример за ова општество. Затоа што се борам за значајни нешта во оваа држава, затоа што имам над 3.000 изведби, над 700 ТВ емисии проекти , вие се фативте за афера кога сум била младо девојче и притоа сама одлучувам да си ја кажам оти ми е гајле што ќе кажете. Точно знаев дека че морализирате оти вие сте чесни, вие не правите ништо освен што сте јаки на тастатура. Јас исчував деца оставени, сама направив кариера, сама создавам! Се извинувам што не сум светец-светица како вас. Уф ќе заборавев бев и прва на барикадите за македонскиот јазик и идентиетот, вие веројатно сте имале попаметна работа. Фала многу и пријатно, струја дома не ми плаќате ❤️❤️❤️срцки тие па и неталентирано духовити ❤️“.

View this post on Instagram

A post shared by Bojan Jovanovski (@boki13official)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Еди Рама повторно на колена пред Мелони
Следна Статија Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Сони успешно реши правен спор со Тенцент за наводна копија на игра

Сони постигна доверлив договор со Тенцент за играта Light of Motiram, за која тврдеше дека е 'клон' на нивната серија…

December 19, 2025
ЗАБАВА

Спектакл: Бугарска матурантка пристигна на забавата качена на – багер (ВИДЕО)

На X платформата, поточно профилот „на една българка“, беше објавено видео кое го привлече вниманието на корисниците, придружено со следната…

May 30, 2025
ЗАБАВА

Џенифер Лопез како “жешка“ каубојка: На одморот во Аспен позираше во бикини и крзнени чизми (ФОТО)

Џенифер Лопез ја прослави Новата година во Аспен, Колорадо, а за време на престојот во луксузното одморалиште сподели фотографии од…

January 4, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Струшкиот градоначалник Мерко го прослави 68-от роденден

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска организираше голема прослава за 68-от роденден, на која присуствуваше целата општинска администрација. За прославата тој…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?