Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети, велат од МОН
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети, велат од МОН
МАКЕДОНИЈА

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети, велат од МОН

Објавено August 27, 2025 14:23
Сподели
Сподели

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.

 

Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат после седум години во кои недостигаа, а наставниците и учениците самостојно се снаоѓаа со литература. Нови учебници со унапредена содржина има и за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиско образование, каде започнува примената на нови наставни програми. Над 100 нови наслови ќе бидат достапни и за учениците од средните стручни училишта, велат од МОН.

Изработката, печатењето и испораката на учебниците беше голем предизвик во минатото. Прашањето е системски решено, со новиот Закон за учебници во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, вклучително и автори, рецензенти, но и сите издавачки куќи во државата.

Сите надлежни институции, органи и тела кои учествуваат во постапката за обезбедување на учебници, доследно и навремено ги исполнија своите должности, за што Министерството за образование и наука изразува благодарност и повикува заедничкото делување за обезбедување на подобро образование да продолжи и понатаму. Учебниците се основен услов за квалитетен воспитно – образовен процес, се додава во соопштението на МОН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче вели заслужил одмор на јахта, но крие чија е истата – негира и дека е на „жешка линија“ со Заев
Следна Статија Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поради маглата се откажаа летови од скопскиот аеродром

Поради густа магла се откажаа летови аеродромот во Скопје. После 16 часот не слета авионот од Анталија, како и од…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор – голем чекор напред

Со најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор направивме уште еден голем чекор напред.…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судот го одобри обвинението: Се чека термин за судење на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова

Кривичниот суд соопшти дека е одобрено обвинението против Васил Јованов кој на 29 јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е празник на заштитникот на децата: За нивното здравје, секоја мајка треба да го направи ова

Православна црква и нејзините верници денеска го слави празникот посветен на Свети Сисој Велики. Овој светител е исклучително почитуван и…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?