Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ситуацијата е критична“ – тревога во Хрватска поради ширење на антракс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Ситуацијата е критична“ – тревога во Хрватска поради ширење на антракс
БАЛКАН

„Ситуацијата е критична“ – тревога во Хрватска поради ширење на антракс

Објавено July 19, 2025 13:10
Сподели
Сподели

Хрватскиот ветеринарски институт соопшти дека е потврден случај на антракс во Хрватска, во општината Врлика. По поморот на крави во овој регион, примероци од угинатите животни беа испратени на анализа, а резултатите потврдија дека се работи за заразна болест.

Иако претходно се претпоставуваше дека причината е труење, стручните ветеринарни служби од Загреб сега потврдија дека станува збор за заразна болест.

Повеќе од 50 говеда угинале во последниве дваесет дена.

Во лабораторија биле примени вкупно 13 примероци од угинати животни, од осум различни објекти (фарми).

– Ситуацијата е критична. Не можам ни да замислам како им е на сточарите во овој момент. Верувам дека секој ден им трае како цела година. Мораме сите да останеме прибрани. Истовремено се бориме и со африканската чума кај свињите на истокот од земјата, а веста за антракс не затекна токму за време на состанок во Осијечко-барањската жупанија за свинската чума. Ова е исклучително тешка ситуација – изјави министерот за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ, на вонредна прес конференција.

Антраксот е сериозна и ретка заразна болест предизвикана од бактеријата Bacillus anthracis и е позната уште од античко време, обично како болест на тревопасните животни.

Преживарите – говеда, кози, овци, коњи – погодени од антракс најчесто умираат ненадејно без очигледни знаци на болеста, иако некои може да доживеат зашеметување, тремор, лошо варење и тешкотии при дишењето. По смртта, трупот брзо отекува, а од телесните шуплини може да истече темен крвав исцедок.

Луѓето можат да се заразат со антракс преку кожата, со вдишување на спори или со консумирање на контаминирана храна, што резултира со развој на кожна, белодробна или цревна форма на болеста, од кои кожната форма е најчеста.

Најчест е кожниот антракс: се јавува по контакт на кожата со ткива или производи од заразени животни и се манифестира со појава на темни, безболни рани (црни пустули, кои изгледаат како мозолчиња) на изложените делови од телото, обично придружени со благи општи симптоми. Доколку не се лекува навреме, може да се прошири во крвотокот и да доведе до сепса.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби
Следна Статија Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хорор во центарот на Белград: Пронајден фетус во кутија

Денеска околу пладне во центарот на Белград, во Ботаничката градина, пронајден е плод во кутија, неофицијално соопштија за Нова.рс. Полицијата…

January 8, 2025
БАЛКАН

Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за седмите предвремени избори во последните четири години, додека ривалските политички партии во земјата…

October 27, 2024
БАЛКАН

Неверојатна снимка од белградскиот аеродром, жена без билет и документи стигна во авион за Малта (ВИДЕО)

Безбедносните камери на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ снимиле неверојатна сцена на 8 јануари – жена која без документи или билет,…

January 14, 2025
БАЛКАН

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Словенија

Голем број жители на Словенија утрово во 03:37 часот ги разбуди земјотрес на длабочина од 12 километри што беше почувствуван…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?