Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години
БАЛКАН

Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години

Објавено October 27, 2024 09:15
Сподели
Сподели

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за седмите предвремени избори во последните четири години, додека ривалските политички партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција, а гласачите стануваат сè поапатични.

Бугарија, се бори со ротирачките влади откако антикорупциските протести во 2020 година помогнаа да се собори коалицијата предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ, објави Ројтерс

Последните анкети покажуваат дека најверојатно нема да има јасен победник и очигледни опции за солидна коалиција и на овие избори.

Одѕивот на гласачите, кој се проценува на околу 30 отсто, се очекува да биде најнизок од падот на комунизмот.

Гласањето завршува во 20 часот, а резултатите врз основа на излезните анкети треба да бидат познати во исто време.

Конечните резултати ќе бидат познати неколку дена подоцна.

Доколку не се појави неочекувано политичко партнерство или силен лидер за обединување на коалицијата, повеќето аналитичари предвидуваат дека земјата повторно ќе оди на избори на почетокот на следната година.

Ваквата дисфункција е загрижувачка за Бугарија, која има 6,4 милиони жители.

Нејзиното пристапување во ЕУ во 2007 година отвори период на оптимизам обележан со пораст на животниот стандард и брз економски раст.

Сепак, глобалната финансиска криза, пандемијата на коронавирусот и војната во Украина ги намалија странските инвестиции.

На Бугарија сега очајно и треба период на стабилна Влада со цел да го забрза протокот на средства од европските фондови во нејзината прилично слаба инфраструктура и да ја приближи земјата до воведувањето на еврото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Барселона среде Мадрид го декласира Реал (ВИДЕО)
Следна Статија Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Српскиот хирург Дугалиќ: Јавно се откажувам од колегите кои го пуштија Вучиќ да влезе на интензивна нега

Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, за Фонет…

March 19, 2025
БАЛКАН

Српски политичар објави фотографија: Вучиќ седи во задниот ред кај шефот Путин

Никола Сандуловиќ, претседателот на српската Републиканска партија, на Фејсбук сподели фотографија од вчерашниот прием на светските лидери во Москва, на…

May 9, 2025
БАЛКАН

Во Србија уапсена група осомничени за злоупотреби вредни над два милиона евра

Во неколку српски градови во петокот, во втората акција оваа седмица, уапсени се уште 13 лица осомничени за злоупотреби вредни…

February 14, 2025
БАЛКАН

Авторот на славното интервју на БГНЕС во кое Заев тврдеше дека сме „сшти“ народ со Бугарите, сега вели дека самите сме се блокирале во ЕУ

Се сеќавате на славното интервју на Заев за бугарската агенција БГНЕС кога рече дека ние немаме споделена туку задничка историја…

June 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?