Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сијарто до Зеленски: Престанете со заканите и нападите врз унгарската енергетска безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сијарто до Зеленски: Престанете со заканите и нападите врз унгарската енергетска безбедност
СВЕТ

Сијарто до Зеленски: Престанете со заканите и нападите врз унгарската енергетска безбедност

Објавено August 26, 2025 18:33
Сподели
Сподели

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро ја критикуваше Украина поради нападите врз руските нафтоводи преку кои се снабдува неговата земја, предупредувајќи дека ваквите акции директно ја загрозуваат енергетската безбедност и државниот суверенитет на Унгарија.

Сијарто на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) порача до украинскиот претседател Володимир Зеленски да престане со заканите и нападите врз унгарската енергетска инфраструктура.

Суверенитетот и територијалниот интегритет се основни принципи на меѓународната политика и ние ги почитуваме. Очекуваме и другите држави да го прават истото“, нагласи тој, додавајќи дека нападите врз снабдувањето со енергија на една земја претставуваат напад врз нејзиниот суверенитет.

Во последните недели украинските сили со дронови и ракети изведоа неколку напади врз пумпни станици на нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област, со што беа прекинати испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка. Киев официјално потврди дека го гаѓал објектот во Унеча, а словачките и унгарските власти ја предупредија Европската комисија дека снабдувањето е прекинато најмалку пет дена.

Унгарија нема никаква улога во војната меѓу Русија и Украина. Овој конфликт не смее да се користи како изговор за нарушување на нашиот суверенитет“, порача Сијарто.

Сијарто го обвини Киев за „антиунгарска политика“ и наведе дека Зеленски дури „се заканил“ со изјавата дека опстанокот на нафтоводот зависи од ставот на Будимпешта кон Украина.

Снабдувањето со енергија не е политичко или идеолошко прашање. Нападите врз ’Дружба‘ не ѝ штетат на Русија, туку на Унгарците и Словаците“, рече Сијарто.

Тој потсети дека Унгарија нафта обезбедува преку „Дружба“ и преку хрватскиот нафтовод „Јадран“, но дека хрватскиот капацитет е недоволен, а Загреб не соработува. Според него, дури и по ветувањата од Европската комисија дека ќе обезбеди безбедност на енергетската инфраструктура, Брисел „со своето молчење станува соучесник“ на украинските напади.

Европската комисија си пука во нога кога молчи и е соучесник додека Украина ја напаѓа енергетската инфраструктура во правец на Унгарија и Словачка. Европската комисија сега е Украинска комисија, бидејќи Комисијата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, не ги претставува интересите на Европската Унија, ниту интересите на земјите-членки на ЕУ“, оцени Сијарто. Сепак, тој предупреди дека унгарската влада може да „ја отежни ситуацијата“ бидејќи Будимпешта обезбедува 30-40 проценти од увозот на електрична енергија во Украина, но дека унгарските власти не сакаат да им наштетат на украинскиот народ или семејства. „Би било добро Украинците да го запомнат ова кога на разни маси за планирање одлучуваат дали да го бомбардираат нафтоводот Дружба или не. Тие треба да го имаат тоа на ум“, додаде Сијарто.

Од украинска страна, министерот за надворешни работи Андреј Сибихa возврати дека Сијарто нема право да му кажува на Зеленски „што и кога да прави или кажува“, повикувајќи ја Унгарија да се диверзифицира и да стане енергетски независна од Русија, како што направиле другите европски земји.

Претходно премиерот на Унгарија Виктор Орбан предупреди на „долгорочни последици“ поради изјавите на Зеленски, кој во игра на зборови со името на „Дружба“ рече дека пријателството меѓу Киев и Будимпешта зависи од ставот на Унгарија.

Ова е јавна закана и признавање дека Украина намерно ја загрозува нашата енергетска безбедност затоа што не ја поддржуваме нивната кандидатура за ЕУ“, рече Орбан, потсетувајќи дека Унгарија претходно блокираше почеток на пристапни преговори со Украина по референдум на кој 95 отсто од унгарските гласачи ја отфрлија таа можност.

Неговиот шеф на кабинет, Гергељ Гуљаш, додаде дека дури и ако Украина беше членка на Унијата, таа нема право да ѝ диктира на Унгарија од кого да купува енергија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Странски државјани приведени на „Табановце“ поради бела прашкаста материја и таблети
Следна Статија Шукова најавува дека центарот на Скопје ќе го направи пешачка и велосипедска зона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Сириските бунтовници ги емитуваа првите вести на државната телевизија

Сириските бунтовници ги објавија своите први вести на државната телевизија, објавувајќи дека „го добиле облогот и го собориле криминалниот режим…

December 8, 2024
СВЕТ

Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе…

June 22, 2025
СВЕТ

Голем прекин на струјата во Шпанија и во Португалија, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови ВИДЕО

Голем прекин на електричната енергија е пријавен во Шпанија и во Португалија денес, вклучувајќи ги и нивните главни градови, јавуваат…

April 28, 2025
СВЕТ

Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот вечерта објави дека Израел и Иран постигнале договор за целосен прекин на огнот, со…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?