Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова најавува дека центарот на Скопје ќе го направи пешачка и велосипедска зона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова најавува дека центарот на Скопје ќе го направи пешачка и велосипедска зона
ПОЛИТИКА

Шукова најавува дека центарот на Скопје ќе го направи пешачка и велосипедска зона

Објавено August 26, 2025 18:35
Сподели
Сподели

„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола, град кој ќе биде пристапен и функционален“, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова при денешната прошетка на Мал Ринг. Таа ја сподели нејзината визија за центарот на градот кој предвидува затворање на сообраќајот и ставање на јавниот простор во функција на пешаците, туристите, велосипедистите, не на автомобилите, се вели во соопштението од СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола – град кој ќе биде пристапен и функционален. Мојата визија за „Мал ринг“ е суштинска промена на центарот на градот. Проект кој подразбира затворање на мал ринг за сообраќај, адаптиран за пешаците и велосипедистите. На Рекорд ќе има дозвола за превоз само за ЈСП и специјални возила. Ќе го заживееме јавниот простор со урбана опрема и ќе воведеме посебни содржини. Центарот многу брзо ќе го добие ликот како што заслужува нашето Скопје и ќе го врати сјајот на метропола“, рече Шукова.

Шукова оттаму порача дека Скопје сега е задушен град поради неуспешните импровизации на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.

„Централното градско подрачје, познатиот „Мал ринг“ кој е срцето на Скопје, сега е задушен, поради деструктивните импровизации на ВМРО ДПМНЕ и незаинтересираноста на нивната менаџерка Данела Арсовска. ВМРО ДПМНЕ брутално го осквернави идентитетот и архитектурата на Скопје – скапо платен со народни пари, а со трајни последици по јавниот простор. Денес, строгиот центар на Градот е задушен од објекти, прекумерен сообраќај и без соодветна инфраструктура за пешаците и велосипедистите. Тоа време мора да остане зад нас! “, изјави Шукова денеска.

Притоа кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова најави дека „Мал ринг“ ќе биде почетокот на трансформацијата и ревитализацијата на Скопје во град кој не само што ќе го следи, туку ќе го поставува темпото за урбаниот развој во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сијарто до Зеленски: Престанете со заканите и нападите врз унгарската енергетска безбедност
Следна Статија ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Тој ќе…

November 23, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски зошто…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

Реџепи: Има повици за војна со Албанците

Скендер Реџепи од опозицискиот Европски фронт рече дека нема да ја поддржи декларацијата, оценувајќи дека е само празен лист што…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?