Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска: Ако има решение за Украина, ЕУ да најде и за нас!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска: Ако има решение за Украина, ЕУ да најде и за нас!
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Ако има решение за Украина, ЕУ да најде и за нас!

Објавено December 23, 2025 14:06
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одржа денес маратонски говор во Собранието во кој тргна од Кочани, евроинтеграцијата, судскиот систем, економијата, па до улогата на Народната банка на Македонија, енергетиката, двокрадците, претераната урбанизација, образованието, имиграцијата, животната средина, дијаспората, климатските промени – и што уште не.

Генерално таа порача дека речиси цела надворешно-политичка активност годинава ја насочила на евроинтеграцијата, иако не оствари посета ни на Брисел, ни на Берлин , ни на Париз надвор од пошироките собири, а како „историска“ ја оцени својата посета на Азербејџан. Освен поплаките за условите што ни ги поставува ЕУ за продолжување на преговорите, претседателката успеа да лоцира вина и кај претходната влада со оценка дека, по промената на името на државата, секоја друга уставна промена што се бара од нас изгледа бенигна за ЕУ.

„Потребна е политичка волја, наша и на Унијата (за да продолжат преговорите). Ние сме предложиле повеќе политички решенија, а ЕУ треба да избере едно од нив или да најде решение самата. Ако можеше да го направи тоа за Украина, може и за нашата држава“, порача Сиљановска за блокадата на евроинтеграцијата. Според неа, со уште една уставна измена, од овој процес ќе излеземе како старецот од морето – со костур од риба во рацете, нагласувајќи потоа: „Еве до каде не доведоа храбрите одлуки“ (на претходната власт)“.

Во тој стил таа посочи дека највисоки оценки од ЕУ Македонија добила во периодот од 2017 до 2020 година, кога сме ги потпишале Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор , а сега сме стигнале до „ограничен напредок“, па заклучи дека тоа сме го заслужиле со прифаќање на решенија и услови што не се поврзани со владеењето на правото, кои ги нарече „нов политички критериум“.

„На вагата на ЕУ нашите уставни измени вредат повеќе од вистинските реформи“, рече претседателката нагласувајќи дека најнов услов сега е внесувањето на Бугарите во Уставот иако во 1996 година во студија за „Повторното враќање на демократијата“ Уставот на Македонија се нашол меѓу 12 други што биле издвоени.

„Секаде каде што одев го бранев нашето уставно право за европско членство и посочував на парадоксалната недоследност дека сме 20 години со статус на кандидат за членство“, рече таа прашувајќи јавно „како може со записник да се амандманира билатерален договор ( со Бугарија)?“

Претседателката , за разлика од премиерот Христијан Мицкоски, посвети добар дел од говорот и на Кочани. Притоа, судската разврска за пожарот ја нарече тест од кој ќе зависи дали судството ќе ја стекне довербата на јавноста или трајно ќе ја изгуби. Според неа, со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување, недостигот на системска култура и неказнивост кои наметнуваат потреба за длабоко преиспитување.

„ Кочани не доведе до ѕидот на срамот“, рече таа., со оценка дека сите ние до крајот на животот ќе ја носиме траумата од оваа најголема трагедија. Таа наедно ги повика политичарите да престанат со дневнополитичките препукувања на сметка на судството околу овој процес.

Околу бранувањата за навестеното можно доаѓање на азиланти од Обединетото Кралство претседателката рече дек, ако тие се безбедносна закана за таа држава, уште поголема безбедносна закана се за нашата.

Таа го „нападна“ и неконтролираното градење во државата и повика на урбана дисциплина за јавниот простор со порака дека државата треба да ги штити граѓаните, а не тие да се штитат од неа.

Сиљановска исто така повтори дека нема да именува два нови члена за Судскиот совет додека не се донесе новиот закон за ова тело кој, според нејзина оценка, треба да направи вистинска промена бидејќи стариот е генератор за партизација, политизација и влијание на судството. „Од реформите во судството, рече таа, ќе зависи дали судството ќе реќе не кога политиката ќе рече да“.

Зборуваше и за лицата со попреченост барајќи и тие да бидат вклучени во групата малцинства и оценувајќи дека социјална држава не значи сиромашна држава, по што побара да се инвестира повеќе во нив и во способностите што ги имаат. За загадувањетио т.е. за заштитата на животната средина оцени дека треба да се третира како дел од националната безбедност, а за дијаспората – дека е второ крило на македонската економија прашувајќи реторички – може ли да се лета со едно? Таа исто така иницираше донесување закон за дијаспората бидејќиспоред неа само држава што има силни врски со неа просперира, а досега од наша страна таа била запоставувана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европските пазари се очекува да отворат во негативно подрачје пред кратка трговска недела
Следна Статија Главниот уредник на CBS Бари Вајс ја повлече приказната на ’60 Minutes’, предизвикувајќи реакции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кога со Захариева преговараа за македонскиот беше нормално: Османи го боли кога чепкаат по албанскиот јазик

Бујар Османи пак е во главна улога.Поранешниот министер за надворешни работи е многу погоден што Уставниот суд се дрзнал да…

December 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го отвори годинешното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање, таа ја истакна вредноста…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Процесуирање на одговорните за злоупотреба на тајните служби е предуслов за демократија во Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се огласи на Фејсбук по скандалот со прислушувањето на новинари и актуелниот премиер…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени,…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?