Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

Објавено October 2, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска.

Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката интелигенција, како предизвици за мирот и стабилноста на Европа, Сиљановска-Давкова истакна дека државава во сите горенаведени случаи прави напори да делува конструктивно.

Но, треба и натаму да се работи. Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија. Нашите ранливи точки се ранливи точки на Европа. Особено по војната во Украина, ЕУ не може сериозно да тврди дека се бори против злоупотребата на информации од странски служби, против хибридните закани и надворешното мешање во Европа, оставајќи го Западен Балкан надвор. Исто како царот во приказната на Ханс Кристијан Андерсен кој парадирал во невидливо ново руво, ЕУ ризикува да се излаже себеси ако зборува за единство и отпорност, оставајќи ја мојата земја и регионот на Западен Балкан изложени токму на овие закани“, рече Сиљановска-Давкова.

Свесни сме дека Европската политичка заедница не значи проширување, туку вклученост. Но, вклученоста мора да биде ориентирана кон резултати“, нагласува таа.

Истовремено, таа посочи дека европскиот континент не е безбеден сè додека земјите од Западен Балкан се надвор од Унијата и додаде дека евроинтеграцијата на регионот мора да се заснова исклучиво на Копенхагенските критериуми.

Најефикасен начин да се заштити Западен Балкан е да се врати пристапувањето базирано на кредибилитет и заслуги, засновано исклучиво на Копенхагенските критериуми. Тоа подразбира ставање крај на билатерализацијата на интеграцијата, што ја намалува отпорноста на регионот и на Европа. Токму тоа треба да започне со мојата земја. Поминаа дваесет долги години откако добивме кандидатски статус. И покрај доследно спроведените реформи, неоправданите политички пречки продолжуваат да го блокираат нашиот напредок и да ја кородираат јавната доверба во проширувањето“, вели претседателката Сиљановска-Давкова.

Во однос на македонскиот евроинтегративен пат, таа потенцираше дека не е логично ЕУ себеси да се дефинира како „единство на различности“ и почитување на културните, јазичните и националните идентитети, а од нас да бара да преговараме за својата историја, култура и јазик.

Честите уставни промени инспирирани однадвор, досега 36 на број, претставуваат опасност од суспендирање на парламентарната демократија. Ваквите шеми не се чекор на реформи, туку знак на кршливост. И покрај овие пречки, европската интеграција останува наша најголема инспирација и стратешка аспирација. Македонските граѓани сакаат европска иднина. Нашето 100% усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и поддршката на Украина, е стратешки и принципиелен избор. Иако не сме членка на ЕУ, подготвени сме да придонесеме во безбедносната архитектура на Европа. Целосно сме подготвени да го отвориме Кластер 1, Основи, и веќе ја спроведуваме Агендата за реформи на Планот за раст 2024-2027. Но, како што истакна претседателот на Европската комисија, Европската Унија мора што поскоро да го скрши оклопот на консензусот ако сака да го заврши повторното обединување на Европа и повторно да стане геополитички фактор“, вели таа.

Затоа, ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западниот Балкан во геополитички вакуум“, заклучи претседателката во своето обраќање.

Претседателката Сиљановска-Давкова учествуваше и на настанот организиран од францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони по повод презентацијата на иницијативата на Француската Република за формирање на Европска коалиција против дрогата (ECAD).

Во рамки на дискусијата претседателката истакна дека на единството на картелите треба да се одговори со поцврсто единство и соработка на европските земји и дека тоа е можно само со интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рекордни 14.000 натпреварувачи ќе настапат на Скопскиот атлетски маратон
Следна Статија Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Менаџерот на КПУ Затвор Скопје и други вработени ја доживувале институцијата како приватна фирма за туристички услуги

Две лица кои извршувале службени функции во затворот КПУ Затвор Скопје се приведени во денешната акција на полицијата бидејќи за…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема поплава во Влае поради пукната цевка – без вода останаа неколку населби во Скопје

Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици. Водата навлезе во…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?