Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола

Објавено August 1, 2025 16:51
Сподели
Сподели

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа.

Како што рече на прес-конференција, се зборувало „за безбедносните дилеми во светот“ кои, рече, „ги засегаат сите држави па и нашата’.

-Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола во земјава и не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми. Главно се говореше за состојбата во регионот, она што се случува во Босна и Херцеговина, каде што често слушаме сецесионистичка реторика, институционалната криза во Косово поради неможност да се конститурираат органите, како и во соседна Србија каде има низа сериозни проблеми. Но од аргументите, од податоците што ги имаме, заклучокот е дека, сепак, и покрај овие проблеми и предизвици не се очекува тие да се одразат врз македонската безбедносна состојба, истакна Сиљановска-Давкова.

Во однос на состојбата на Блискиот Исток, посочи дека кај сите присутни на состанокот биле „неподелени ставовите за потреба од мир“. Рече дека за тоа немаме сигурни гаранции зашто „преговорите се во тек па се прекинуваат“.

-Честопати велам очекував поангажирана и поактивна Организација на Обединетите нации која, за жал, е маргинализирана, рече претседателката.

За пожарите низ земјава посочи дека се под контрола во моментов и дека не се должат само на високите температури туку има „основано сомнеиние дека се намерно предизвикани“.

-Останува дилемата дека се намерно подметнати, но не можам да зборувам за тоа додека нема докази и додека имаме предистражна постапка, изјави Сиљановска-Давкова.

На прес-конференцијата , таа кажа дека состојбата е под контрола со пожарите кои се гасат со ангажман на домашните институции, кои се коориднирани, меѓу кои и војската, но и со помош од Европа.

Како што рече, од Владата била информирана за систем за превенција на кој работат, употреба на камера и дронови „со кои точно би се лоцирале опасностите, па и извршителите“ и дека изложиле низа мерки што во иднина ќе ги имплементираат – од промена на Закон за справување со кризи и ангажирањеволонтери, при што напомена и дека се оспособени возила што се употребуваа за воени цели, а денес се користат на теренот.

Предложен е, додаде таа, нов проект, современ информативен систем за временски непогоди кај нас, со помош на ВИ и пресметки со кои, рече, може однапред да се предвидат низа ситуации.

На Советот за безбедност се зборувало и за евроинтеграциите.

Во одговор на новинарско прашање за барањето на опозициската СДСМ да не ги потпишува указите за законите за полиција и за внатрешни работи бидејќи, според нив, се укинува професионализмот и полицијата ќе биде под директна команда на министерот за внатрешни работи, таа истакна дека ги добила законите од Собранието и веднаш ги дала на мислење, и оти штом ги разгледа ќе даде свое мислење.

Во однос на случувањата на Блискиот Исток и кризата во Газа и каков ќе биде ставот на земјата во однос на прашања како извозот на оружје за Израел и најавите од повеќе влијателни држави за признавање на Палестинската држава и сл., Сиљановска-Давкова одговори дека за таа тема немало дискусија, бидејќи требало да реферира министерот за надворешни работи Тимчо Муцнски, но тој не присуствувал на состанокот. Притоа таа посочи дека сите биле едногласни дека е потребно да се почитуваат нормите на меѓународното право, да се воспостави трајно решение и траен мир, дека човековите права се неприкосновени и оти е потребно ОН да имаат поголема улога.

Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.

На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова, беше најавено и присуството на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Постигнавме историски успех – во јули највисока месечна наплата на приходи од 12,6 милијарди денари
Следна Статија Една третина од контолираните не издавале фискална сметка – изречени се казни и затворени се пет субјекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АЦВ за снимањето со дронови: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо

Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо, велат денеска од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во соопштение…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет на Република Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

МВР: Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се борат за да има правда во судскиот систем. – Господинот Љупчо Коцевски…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?