Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа

Објавено May 23, 2026 09:58
Сподели
Сподели

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено.

– Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во печатена, односно во хартиена форма. Според протоколот, читам, пакувам и го давам на лице од архивата кое поседува највисок сертификат „државна тајна“. Најчесто се враќаат кај испраќачот или одат во архивата. Ако комуникацијата е на ваков начин, објаснете ми со кои податоци, дури и да влезе некој во вашиот компјутер може да посегне по шпионажа? Значи, не постои основ. Затоа и се чудам кога ќе видам разузнавачи дискутираат како сум била во опасност, безбедноста била во опасност заради шпионажа, рече Сиљановска – Давкова во интервју за централниот дневник на Сител.

Вели дека веднаш штом дознала дека има укажување од еден од вработените за упад во компјутерот исконтактирала со Министерството за внатрешни работи.

Претседателката е шокирана и од постапката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое, според неа, не го почитува членот 289 од Законот за кривична постапка во кој се вели дека сите дејствија во предистрагата се тајна.

– Шокирана сум од Јавното обвинителство. Рековте предистражна постапка, а не постапка. Важи ли членот 289 од Законот за кривична постапка за Јавното обвинителство? Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се тајна. Како тоа Јавното обвинителство комуницира преку медиуми и раскажува како и на кој начин контактира со Министерството за внатрешни работи? Згора на тоа, слушам една лаичка интерпретација на членот 8 од Законот за јавно обвинителство, каде што се вели дека Јавното обвинителство почитувајќи го принципот на презумпција на невиност, приватен живот, достоинство, слобода на медиуми, правично судење, интегритет и така натаму, како и принципот на отвореност – веројатно од тоа се инспирира – ја информира јавноста за одделни случаи по кои и постапува. Немаме случај ние. Во предистражна постапка нема случај, истакна Сиљановска-Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 18 милиони долари годишно: „Рејмонд“ се уште прави пари од серијата
Следна Статија Кој е Виктор Стојанов: Бугарин по професија, има забрана за влез во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола

Голем одрон на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ го прекина, а потоа го отежна сообраќајот, додека…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ова што се случува со Владата на Жељазков се разбира дека се одразува на односот кон актуелните прашања

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој говореше…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?