Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар

Објавено May 18, 2026 08:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

Македонската претседателка, во рамки на посетата, вчера ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.

Таа се сретна и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата, медицината.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера попладнето одржа состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека вечерта во Крањ го посети Македонското културно друштво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Света великомаченичка Ирина
Следна Статија Борисов праша: Каде ќе ја правевте Евровизија ако јас не ви ги изградев салите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова ветува фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка

Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Владата е одговорна за дефокусирањето од процесот на европска интеграција

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за правецот што го зазеде новата влада и за нејзините намерни обиди да…

July 7, 2025
ПОЛИТИКА

Партиите се подготвуваат за локални избори

Подготовките за локалните избори во октомври 2025 паднаа во сенка на трагедијата во Кочани и на вестите за глобалните светски…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?