Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата на Османи има плата од 1.600 ЕВРА, а сестра му 3000 евра, ги лажеа Албанците за мали плати, а за своите ги вдомија потенцира Вреди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сопругата на Османи има плата од 1.600 ЕВРА, а сестра му 3000 евра, ги лажеа Албанците за мали плати, а за своите ги вдомија потенцира Вреди
ПОЛИТИКА

Сопругата на Османи има плата од 1.600 ЕВРА, а сестра му 3000 евра, ги лажеа Албанците за мали плати, а за своите ги вдомија потенцира Вреди

Објавено September 3, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Партијата прогласена за Нон грата од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во државните институции – тие преку клевети сакаат да ги покријат своите неуспеси во периодот додека повеќе од две децении беа на власт, соопшти коалицијата Вреди.

„Широката јавност многу добро знае дека тие 20 години се грижеа единствено за вдомување на своите семејства, и тоа на работни места каде месечната плата е повеќекратно повисока од просечната. Наместо да дадат отчет зошто Албанците ги претворија во администратори без работа и зошто ги оставија без реална застапеност, функционерите на ДУИ избираат да клеветат“, се вели во соопштението на Вреди.

На оние што излегуваат на прес-конференции, се додава, им порачуваме да се вратат во канцеларија и да го прашаат својот шеф Бујар Османи, кој е и шеф на штаб, и кандидат за градоначалник, а воедно и потпретседател на партијата – зошто ги лаже!

„Нека го прашаат Османи каде е вработена неговата сопруга, чие име од коректност нема да го спомнеме? Но, пред да прашаат, ние им откриваме дека сопругата на Бујар Османи зема месечна плата над 100.000 денари, што изнесува колку 4 плати на администратори кои ДУИ ги лажеше повеќе од 20 години. Исто така, нека прашаат каде е вработена неговата сестра и колкава е нејзината месечна плата? Албанците добро знаат дека во М-НАВ, сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра, што е колку 6 плати на еден друг администратор“, соопшти Вреди.

Вреди нема повеќе да наведува имиња, се додава во соопштението.

„Но, Вреди предупредува дека во наредните денови целосно ќе го обелодени непотизмот и вработувањата на семејствата на ДУИ во последните 20 години, овој пат со име и презиме. Исто така, за направените клевети ќе се иницираме соодветна постапка доколку нема јавно извинување од ДУИ“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Што се кинески „роботи волци“: Оружје што оди и пука
Следна Статија Љутков: Целта ни е спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов да бидат достапни за јавноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: СДС е во паника, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за поранешниот…

March 3, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза

Вчера имаше одличен натпревар во реновирана сала во Куманово каде што и јас лично присуствував. Мора да истакнам дека испадите…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон СДСМ, тврдејќи дека владее „молк и паника“ во…

February 27, 2026
ПОЛИТИКА

ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?