Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Целта ни е спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов да бидат достапни за јавноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Целта ни е спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов да бидат достапни за јавноста
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Целта ни е спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов да бидат достапни за јавноста

Објавено September 3, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со директорот и стручен тим од Националниот конзерваторски центар, престојуваше во работна посета на Велес, при што направи увид во состојбата со културното наследство на неколку локации во градот.

Во рамките на посетата, Љутков ја посети манастирската црква „Св. Димитрија“, заштитено културно добро каде што се спроведуваат активности за истражување, конзервација и реставрација, кои во изминатиот период беа во застој.

Љутков го посети и Музејот на Велес, како и спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов, значајни личности кои се длабоко вградени во историјата на македонската култура, образование и општествена мисла.

„Од она што можев да видам е дека овие три спомен-куќи се во некоја кондиција, но реално ќе им биде потребно освежување и обновување. Затоа направивме увид и ќе направиме анализа што е тоа со што ќе може да се помогне во наредниот период. Целта ни е овие објекти да бидат достапни за јавноста и активно да придонесуваат за културниот живот на Велес“, рече Љутков.

Тој додаде дека во Музејот на Велес беше разгледана и можноста за континуирано отворање на спомен-куќите за посетители, како и начинот за нивно ефикасно стопанисување.

Дел од посетата беше и Куќата на Апасиеви, објект од традиционалната градска архитектура, кој во 2021 година е прогласен за културно наследство во опасност. Иако е изработен Основен проект за конзервација, реставрација и санација и е избран изведувач, поради одредени пречки, процесот е во застој. За таа цел ќе се изврши увид во моменталната состојба за да се создадат услови за продолжување на конзерваторско-реставраторските процеси за целосна заштита на објектот.

Министерството за култура и туризам останува посветено на заштитата и унапредувањето на културното наследство низ целата држава, како клучен дел од националниот идентитет и туристичкиот потенцијал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Османи има плата од 1.600 ЕВРА, а сестра му 3000 евра, ги лажеа Албанците за мали плати, а за своите ги вдомија потенцира Вреди
Следна Статија Појадок од четири состојки кои го топат целулитот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Дурмо турс“ меѓу нив: Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Запалена дива депонија затекнале инспектори при вонреден надзор во општина Сарај

МакедонијаИнспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонијаОбјавено пред 35 минути…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопската зоолошка сподели тажна вест: Европскиот бизон кој имаше 17 години утрово угина

Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина, соопштија од Зоолошката градина…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?