Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова во Словенија се сретна македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова во Словенија се сретна македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во Словенија се сретна македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници

Објавено May 17, 2026 19:17
Сподели
Сподели

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Република Словенија, денеска во македонската амбасада во Љубљана се сретна со наши иселеници, кои со своето знаење и работа се вградиле во словенечкото општество и денес се препознаени и ценети во науката и уметноста.

-Инспиративно беше да се разговара со македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници во Словенија. Ме информираа за професионалните дострели, за причините заради кои си заминале и за можностите за соработка со матичната држава. Се радувам кога меѓу нашите иселеници гледам успешни, реализирани и влијателни луѓе кои се почитувани во средините каде што живеат и работат, рече Сиљановска-Давкова по средбата.

Посебна чест, додаде, е што дел од нив се добитници на високи словенечки признанија, афирмирајќи ја не само Словенија, туку и татковината.

Претходно претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.

Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните верници.

-Каде и да сме по светот имаме еден заеднички дом, заедничко црковно катче каде може да се собереме – рече претседателката.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четири сигнали дека во телото се развиваат проблеми со варењето
Следна Статија Македонија на СП може да игра против Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За 7 години 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку

Овие загрижувачки бројки ги соопшти вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во насока за подобрување на квалитетот на…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Европарламетот на 4ти јуни: Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Конти“ пропадна, се појави „Грок“- нова пирамидална шема

Не требаше да помине долго време, а веќе се појави нова пирамидална шема наречена „Грок“. Се е исто како и…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?