Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото

Објавено August 1, 2025 19:43
Сподели
Сподели

 Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за сите – владеењето на правото. Се укажа на пакетот закони изработени од Министерството за правда, што се однесуваат на Јавното обвинителство, на Судскиот совет, на платите на јавните обвинители и на членовите на Судскиот совет, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за состојбата со евроинтеграцијата по втората седница на Советот за безбедност и нагласи дека основниот заклучок е дека имаме Реформска агенда и имаме План за развој.

Таа информира дека се дискутирало и за Законот за соодветна и правична застапеност.

– Тенденција на Министерството за правда е да ги праќа законите на мислење на Венецијанската комисија, што не го правевме често во претходниот период. Зошто е тоа важно? Да потсетам, според изменетата методологија не е услов само хармонизацијата на нашата легислатива со европската, туку и ефективното спроведување на законите и мислењата на Венецијанската комисија и на ГРЕКО, истакна претседателката.

Сите дискутанти, како што рече, укажаа на очекувањата и важноста од извештајот во ноември, што го добиваме за напредокот во евроинтеграцциите.

– Јас и други укажавме на потребата од активност на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието бидејќи во него членуваат не само пратеници, туку и претставник на МАНУ, претставник на невладините организации… Тоа е многу важно. Зошто? За да градимие ние единство и да се разбираме и да доаѓаат критиката и предлозите на време за да може навистина легислативата да биде по европска мерка оти постфестум е доцна. Истото важи и за Комисијата за европски прашања, која треба да биде многу поактивна или активна за да може да ги анлизираме состојбите и за да може да одговориме на забелешките што ги дава ЕК за напредокот на државата во сите области, рече Сиљановска – Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Албанија за првородено дете даваат бебешки бонус од 400 евра
Следна Статија Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако не предложи Владата кандидати за судот во Стразбур, македонски судија продолжува да биде баџанакот на Мијалков

Ако задоцни Владата со процедурата за избор на македонски судија во Европскиот суд за човекови права и слободи (ЕСЧПС), што…

August 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државните вили во Охрид и Лазарополе се распаѓаат, а немаат ни имотен лист

Првиот човек на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ ја открива катастрофалната состојба во која се…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март

Од ДУИ го размонтираа шаторот од пред Уставниот суд и најавија дека пак ќе го постават на подготвителната седница во…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 18 од повредените се во критична состојба

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информираше јавноста дека 18 од хоспитализираните пациенти се во критична состојба. Тараври изјави дека…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?