Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право

Објавено May 18, 2026 14:07
Сподели
Сподели

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и интегритетот на индивидуите, порача денеска од Љубљана, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата со својот домаќин, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, Сиљановска-Давкова напомена дека ЕУ персонифицира единство на различности и останува инспиративна филозофија ако си ги почитува вредностите и принципите.

-Во однос на нашата европска интеграција, повторив дека остануваме посветени. За мене, интеграцијата на Западен Балкан не е само политичко, туку е и безбедносно прашање. Не е доволна реториката за да бидете отпорни на туѓи влијанија, бидејќи сите знаеме дека не постои политички вакуум кој некој нема да се обиде да го пополни или да влијае на него. ​И уште нешто – Балканот отсекогаш бил своевиден лакмус за одмерување на силите на важните актери. Ние имаме 100-процентно усогласена политика на надворешна и безбедносна со ЕУ и ние заслужуваме, низ призма на копенхашките критериуми, да покажеме и да докажеме зрелост и заинтересираност за европскиот пат, истакна Сиљановска-Давкова, изразувајќи благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Словенија на евроинтеграцискиот пат.

Таа информира и дека со задоволство прифатила да помогне во процесот Брдо-Бриони зашто, како што објасни, самото постоење на овој процес покажува посветеност на Словенија и Хрватска на регионот.

Осврнувајќи се на вчерашната средба со македонската заедница во Словенија, Сиљановска-Давкова ја посочи Словенија како пример и доказ – дека во духот на европските вредности, успешната интеграција не подразбира откажување од сопствениот идентитет, туку негово негување и почитување.

-Вчера ми стана уште еднаш јасно дека македонската заедница во Словенија има можност да се организира, да ги негува својот јазик, култура и традиција и да биде вклучена во Советот за народностите, што е уште еден доказ за словенечката демократска зрелост и за почитување на културните права. ​Знам дека припадниците на македонската заедница во Словенија имаат и сѐ поактивна општествена и политичка улога. Вчера ги сретнав. Учествуваат во општинските совети, па и во Националното собрание. Ова е уште еден доказ дека во духот на европските вредности, успешната интеграција не подразбира откажување од сопствениот идентитет, туку негово негување и почитување, нагласи македонската претседателка која од словенечката колешка беше пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Провокација пред протестот: За Османи Македонија е „држава на главни народи“
Следна Статија Фаризи: ДУИ со протестот се обидуваат да видат колку младината ги поддржува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Енормно загадување на водата во Струга

По информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни потреби на подрачјето на Струга, Основното јавно обвинителство…

February 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски категорично ги отфрли шпекулациите дека Владата или Министерството воделе разговори со Обединетото Кралство за…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожар во депонијата „Дрисла“

Голем пожар попладнево избувнал во депонијата Дрисла, извести Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Повеќе информации се…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?