Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата

Објавено May 25, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервју за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, за време на средбата во Скопје минатата недела изјавила дека би сакала разговорите за решавањето на овој спор да се случат во Виена.

На прашањето дали сме поблиску или подалеку од пред една година од почетокот на преговорите за членство во ЕУ со оглед дека бугарската влада потсети оти условот за вметнување на бугарското малцинство за почеток на преговорите за членство не е единственото барање на Софија за овој процес, претседателката Сиљановска вели дека не може прецизно да одговори.

  • Не можам со една реченица прецизно да ви одговорам. Зошто? Бидејќи, ако речам дека сме подалеку или поблиску тоа не е вистинскиот одговор, бидејќи понекогаш далечината или близината е многу релативна, зошто не значи дека ако почнеме ние преговори дека тоа навистина ќе значи исчекор. Во исто време може да дојде и ново барање или пак како што досега се случуваше да следат процеси кои ќе го оневозможуваат нашето договарање за кластерите и за поглавјата. Што мислам за овој период? Прво забележувам промени. Веројатно е тоа логично да го одговорам како претседателка. Всушност нашиот преседан доведе до промисла на евроинтеграциските процеси, бидејќи сите знаат дека овој преседан ќе изроди нови и преседани. Имено да, јас честопати велам дека устав може да смените, но не можам јас да ветам дека ќе има уставни измени набрзо, бидејќи јас сум овластена предлагачка на уставни измени, но пратениците гласаат по сопствено уверување, бидејќи тие ги преставуваат граѓаните а не мене и другите власти, Најчесто прашање до мене од надвор е дали ќе има уставни измени и мојот кус одговор е – не можам да гарантирам, бидејќи не сум апсолутен монарх. Значи по мене барањето од надвор уставни измени е спротивно на темелните вредности и принципи на Европската Унија вградени во договорот за ЕУ вградени во Лисабонскиот договор и во повелбата за фундаментални права бидејќи таму има обврска или ветување дека ЕУ ќе ги почитува уставните и политичките структури на државите или дека ЕУ ќе го почитува националниот и културниот идентитет и дигнитетот и интегритетот, вели Сиљановска Давкова.

Таа смета дека има простор за креативна дипломатија за надминување на проблемот за почетокот на преговорите и дава свои сугестии.

  • Креативна дипломатија, да. Нам ни е јасно дека преговарачката рамка е усвоена. Нам ни е јасно дека е тешко таа да се менува, иако случајот на Србија го покажа и поинаквото. Затоа јас велам дека штом ние укажуваме на проблеми поврзани со нашето преговарање тогаш и ЕУ треба да вложи енергија креативно да овозможи наше напредување и мислам дека ова што го спомнувате е на таа линија. Еве моите предлози што се: Европскиот Парламент може да донесе некаков акт за состојбите меѓу нас и Бугарија. Може исто така Советот да даде некакви инструкции, Може, исто така, еве да се во некаков акциски план до историската бугарско – македонска комисија да се предочи тие може да бидат слободни но да внимаваат, иако вие велите дека е теорија. Не е теорија. Тоа се уставни акти на ЕУ, и тие треба да ги почитуваат не само во однос на членовите, туку и во однос на сите други. Значи да им се предочи. Два протоколи потпишавме, така? Еве може уште еден, но да не можат да бидат основ за вето, туку дека ќе се разговара слично како што разговараа Германците и Французите, Полјаците и Германците за да видиме како низ интерпретација на решенијата можеме да дојдеме до конечен договор. Да потенцирам, во договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија нема ниту еден член ниту еден збор за уставни измени. Уставните измени никнаа од првиот и од вториот протокол, вели претседателката.

Прашана дали договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е замена за евроинтеграцијата на земјата, таа демантира и подвлекува дека за нас членството во ЕУ нема алтернатива.

  • Не, не. Јас не сум фаталист и ретко го употребувам изразот дека немаме алтернатива. Но тврдам дека ние како што сме дел од Европа географски културно и историски така сме и политички дел од ЕУ. И морам да напоменам дека и британските претставници кога доаѓаат тука, исто така, дијалогот го води во рамките на нашата започната, недовршена евроинтеграција. Значи, немаме алтернатива во овој поглед. Но бараат сите денеска во светот извори на средства за развој за надминување во таа смисла и ние особено. И еден интересен податок, можеби најголемиот дел од вложувањата на Обединетото Кралство во Западен Балкан ги има кај нас, вели Сиљановска Давкова.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АEK се надева на пресврт во преполниот „Борис Трајковски“
Следна Статија Локомотива удрила во пешак во Хиподром, со тешки повреди пренесен на Клинички

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доаѓа правда за трагедијата во Кочани, ќе претресеме и ќе извадиме се да видат граѓаните што се случувало

„Секој оној којшто го прекршил законот ќе одговара пред пред законот и тука не треба да има дилема како што…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв

Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно може да констатираме дека Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите американски…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Екс функционери го пустошеле буџетот на граѓаните- Тошковски изнесе детали

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?