Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Наместо да не’ поддржуваат, соседите ни ставаат вето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Наместо да не’ поддржуваат, соседите ни ставаат вето
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Наместо да не’ поддржуваат, соседите ни ставаат вето

Објавено September 24, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова, обраќајќи се на Годишниот самит на Конкордија, што се одржа во Њујорк.

Претседателката на Македонија рече дека ЕУ, како регионално, европско олицетворение на мултилатерализмот, има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот, јави МИА.

„Европската унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент. Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции, кажа претседателката.

Таа истакна дека ако регионот на Западен Балкан сака да биде дел од ЕУ мора да се поддржува меѓу себе.

„ Ако регионот сака да биде дел од ЕУ, мора да се поддржуваме и да се разбираме еден со друг. Како можеме да очекуваме да бидеме разбрани од ЕУ, ако не се разбираме меѓу себе.

Треба да се разбираме и поддржуваме, онака како што Шведска, Данска и Норвешка го правеа за балтичките земји. Тие апсолутно ја поддржуваа нивната евроинтеграција и резултатот е очигледен. Но, за разлика од нив нашите соседи често користат вето, а за членство е потребен консензус и ако една земја не се согласува, не можете да станете членка на ЕУ“, рече Сиљановска Давкова.

Според неа, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување, а тоа, како што посочи, неодамна го кажа и претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. Но, како што подвлече, и за тоа е потребен консензус во ЕУ.

„ Тоа создава проблем. Ние можеме да направиме се што е потребно во економијата, реформите, … но сепак, нашите преговори зависат од нашите соседи“, рече претседателката.

Уште еднаш порача дека во нашиот регион треба да се поддржуваме меѓусебно.

„ Сите имаме одговорност во регионот. Мислам дека билатерализацијата е загрозувачи инструмент за евроинтеграцијата. Тоа што и се случува на Македонија во иднина може да и си случи на друга земја кандидат. Проблемот на проширувањето не е само поголема ЕУ, туку има и безбедносен аспект. Во контекст на актуелниот опасен геополитички момент, би било добро што побрзо да станеме членка на ЕУ. Сега е моментот што треба да се искористи, не само од земјите од Западен Балкан, туку и од ЕУ. Сега е последен момент да бидеме разбрани“, порача Сиљановска Давкова.

Според агендата за работната посета на САД, претседателката денеска треба да има обраќање и на Светскиот лидерски форум на Универзитетот Колумбија во Њујорк, по што ќе присуствува на приемот што го приредува американскиот претседател Доналд Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп и Меланија се заглавија на ескалаторот, па „идиотот“ се расипа пред Генералното собрание на ОН
Следна Статија Мизерија: Фудбалски клубови на родители им продавале опрема за деца која е донација од ФФМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

НЕ ЈА ИНСТРУМЕНТАЛИЗИРАЈТЕ СМРТТА НА ФРОСИНА, порачува семејството на девојката која почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“. Тие го…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска – Давкова на свечена вечера приредена од Макрон за високите гости на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда

Имајки ги предвид законските одредби кои го регулираат начинот на поставување на вршител на должноста раководител на јавно обвинителство, од…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?