Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност

Објавено July 13, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го отвори годинешното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Во своето обраќање, таа ја истакна вредноста на уметноста како сила што му дава смисла на човечкото постоење.

Во време на глобални и лични страдања, уметноста е таа што нè потсетува на убавината и добрината, влевајќи ни надеж за иднината.

Според неа, Охрид како древно духовно и културно жариште, низ вековите бил извор на поетска и уметничка инспирација, од Миладинов и Порадеци, до современите уметници кои го продолжуваат светлиот пат.

Фестивалот, како крстосница на македонската и на европската култура, продолжува да биде мост на културна дипломатија меѓу народите, овозможувајќи ни по 65-ти пат да се обидеме да ги премостуваме бариерите и да градиме поправеден и похуман свет.

На свеченото отворање на фестивалот, којшто традиционално се одржува под покровителство на претседателот, присуствуваше албанскиот претседател Бајрам Бегај. „Охридско лето“ беше отворено со настап на американската пијанистка Клер Хуангчи, диригентот Едвин Аутвотер од САД и оркестарот на Македонската филхармонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВО ЖИВО Венчавка на младенците Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на Галичка свадба
Следна Статија Меси постави нов рекорд во МЛС (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата одобри 65 милиони евра за 274 проекти во 77 општини: Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај не ја поминаа евалуацијата

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица

Денеска (09.06.2025) полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, а по претходно добиено барање за преземање на активности во врска…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?