Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

Објавено October 29, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на осмото издание на Парискиот мировен форум, очекува дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици.

-Чест е да се биде дел од отворањето на Парискиот мировен форум, којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“. Очекувам плодни дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици: мирот и безбедноста, климатските промени, дигиталната трансформација, социјалната кохезија, напиша претседатеолката Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Како што претходно информираа од нејзиниот кабинет, Сиљановска Давкова ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, на која ќе се дискутира – како подлабоката регионална соработка може да создаде конкретни можности за младите преку заеднички инвестиции во образованието, мобилноста, иновациите и социјалната инклузија.

На сесијата ќе се разгледа и прашањето како ангажманот на младите може да стане столб на демократската обнова и интеграцијата во Европската Унија.

Претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствува на вечерата, којашто во чест на високите гости на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Шанса за Центар“ го разоткри планот на Герасимовски за „Треска“
Следна Статија Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Во емисијата 24 Анализа на истоимената телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој истакна дека пожарите не…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника

Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради протест

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен денеска во Скопје поради протест, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Како…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трајко Славески именуван за нов гувернер на Народната банкa

Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Македонија. За…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?