Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк: Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк: Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк: Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина

Објавено September 25, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади.

Како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова истакна дека ниту една земја, ниту еден регион не може да напредува ако ги занемарува младите.

– Затоа Обединетите нации ја усвоија Светската програма за акција за млади. Денес, додека ја одбележуваме оваа годишнина, ги признаваме и успесите и недостатоците. Многу е направено, но, исто така, многу останува да се направи.

Обраќајќи се кон младите, претседателката посочи дека во младоста ја привлекувале филозофските стихови на Пинк Флојд, особено песната „Another Brick in the Wall“, во која тие го отфрлаат образованието засновано на контрола на мислата и им порачуваат на наставниците да ги остават децата на мир.

– Кога станав универзитетски професор, често ја имав оваа субверзивна песна на ум. Затоа денес не сум тука за да ви предавам, туку за да бидам инспирирана од вас, младите. Низ историјата, вашите врсници не се плашеа да проговорат, да ги предизвикаат авторитетите, да го отфрлат догматизмот и да се борат за идеали, понекогаш по цена на сопствените животи, рече Сиљановска – Давкова.

Таа притоа потсети на студентските протести во Париз во 1968-та, на Прашката пролет против тенковите на Варшавскиот пакт во 1969-та, на протестите против војната во Виетнам. – Сетете се на студентскиот пркос на плоштадот „Тијананмен“ и падот на Берлинскиот ѕид во 1989-та. Дури и денес, младите луѓе простестираат против војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, но и против екоцидите и фемицидите, климатските промени и социјалните неправди, рече Сиљановска – Давкова.

Според неа, младите како бунтовници со причина и трагачи по вистината, отсекогаш биле носители на промените.

– Доаѓам од мала, континентнална европска држава. Дваесет години чекаме да станеме членка на Европската унија. Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина и затоа ја напуштаат земјата. Ова важи за поголемиот дел од земјите од Западниот Балкан. За мали држави како нашата, статистиката не е апстракција, рече Сиљановска – Давкова.

За да се сменат работите, таа смета дека ангажманот на младите не смее да биде само симболичен, туку суштинско учество во процесите на одлучување.

Според неа, младите генерации имаат право на обновена, ажурирана Повелба, на реформирани и силни Обединети нации што, како што рече, ќе им овозможат да живеат во мир меѓу народите, но и мир со природата.

– Затоа Стратегијата за млади на Обединетите нации, Youth2030, е од суштинско значење. Таа обезбедува низ сите столбови на нашата работа – мир и безбедност, човекови права и одржлив развој – младите да не бидат набљудувачи, туку и партнери, рече Сиљановска – Давкова, додавајќи дека тоа подразбира три работи.

Прво смета дека младите мора да бидат дел од реформата на ООН на секое ниво, што значи обезбедување постојани места во националните делегации, создавање формални советодавни тела и давање улоги за одлучување во клучни области како реформата на Советот за безбедност, архитектурата на мироизградба и дигиталното управување.

Второ, рече дека треба да бидат етички компас. – Вклученоста на младите не смее да биде симболична. Таа мора да донесе отчетност, осигурувајќи дека се избегнуваат и празни ветувања и цинична неактивност, рече претседателката.

Како трета работа го посочи меѓугенерациското партнерство. Таа смета дека реформата мора да ги обедини генерациите, дека постарите лидери носат искуство, а помладите визија и заедно можат да го насочат мултилатерализмот од парализа кон акција.

Вие ја имате привилегијата, но и одговорноста да бидете мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот омилен збор „зошто?“ нема прогрес. Без вашето сомневање во авторитетите, нема вистина. Движејќи ги општествата, можете да го придвижите светот, бидејќи сте надарени со интелектуална љубопитност и страст, без кои не може да има реформи, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

На пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади се обрати и претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок и Генералниот секретар за млади, Фелипе Полие

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царинска управа: Запленета дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста
Следна Статија (ВИДЕО) Манасиевски: Кандидати за советници на СДСМ во Струмица крвнички тепаат странци!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Комисијата влегува во АНБ, ќе се утврдува одговорност за петгодишното прислушување

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заменик претседателката на СДСМ добила повеќе од еден милион долари oд УСАИД во периодот на Шарената револуција

Фани Каранфиловска Пановска како извршна директорка на Фондацијата отворено општество во 2016 година добила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191546 американски долари.…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?