Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Одговорните не смее да ги избегнат правото, правдата и казната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Одговорните не смее да ги избегнат правото, правдата и казната
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Одговорните не смее да ги избегнат правото, правдата и казната

Објавено March 16, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време на делби и конфронтации и дека никој што е одговорен нема да ги избегне правдата и казната.

– Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација. Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и активност. Ниту еден одговорен овој пат не смее да ги избегне правото, правдата и казната, рече Сиљановска Давкова.

Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите да ги здружиме силите околу преживеаните, рече Сиљановска-Давкова, потенцирајќи дека не треба веќе да дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе.

– Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединци. Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот, нагласи претседателката.

Посочи дека утринава ги посетила хоспитализираните и оти таму ја дочекале роднините на повредените, со надеж и доверба во медицинскиот персонал. Сите сме во шок, кажа таа, посочувајќи дека и таа самата е шокирана.

– Како мајка, како човек, како претседателка. Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност. Не знам со кои зборови да им изразам сочувство на родителите и најблиските на погинатите. Вашата неизмерна болка е и моја, рече претседателката.

Сиљановска Давкова посочи дека повеќе држави се огласиле за помош.

– Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција заради добивање врвна медицинска помош и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и Светот се со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин. Вечно ќе им бидеме благодарни, рече Сиљановска Давкова во обраќањето до јавноста.

Во пожарот во дискотека во Кочани рано изутринава загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс министерот Крешник Бектеши на распит во полицијата
Следна Статија Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, на помош пристигнуваат специјалисти за изгореници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Норт ататик“…. Жерновски не знае што значи скратеницата НАТО (ВИДЕО)

Видео од гостувањето на Андреј Жерновски кај Ландов се шири на социјалните мрежи, откако во разговорот се отвора едно, на…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар

Продолжува постојаниот раст на проток на патници на граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница, кај Дебар. Според албанските…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секоја година долгот на „МЖ транспорт“ кон хрватска компанија се зголемува за еден милион евра

Судскиот спор за меѓународно признат долг на „Железници на РСМ – транспорт“ АД Скопје кон „Хрватски железници – карго“ е…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд.…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?