Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување

Објавено December 18, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети женското одделение во КПУ Идризово, каде оствари средба со затвореничките кои работат во шивачката работилница на дизајнерката Ирина Тошева. Претседателката упати силна порака за хуманизација на затворскиот систем, нагласувајќи дека работата е клучниот модел за вистинска ресоцијализација.

„Цврсто верувам дека во секој од нас има по неколкумина и дека ова може да биде само една епизода во животот. Ни треба нов закон за помилување кој луѓето нема да ги третира само како затвореници, туку како личности кои влегле во процес на промена“, изјави претседателката.

Таа додаде дека е пријатно изненадена од проектите за дислокација и зголемување на капацитетите од отворен тип, кои ги планира директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Сиљановска-Давкова дури си купи и неколку креации изработени од затвореничките, со цел да ја поддржи нивната креативност и надеж за подобра иднина.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: До јули ќе го имплементираме „Безбеден град“ на цела територија, по 1 февруари почнуваат казните
Следна Статија Четири илјади пушачи годишно умираат, неопходно е ефикасно спроведување на законите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

Министерството за образование и наука во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека системски го решило прашањето со набавка и…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 7 години запуштеност: „Македонско село“ повторно ќе заживее

Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Изборот на новите министри ќе биде по завршување на седницата за Буџетот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на брифинг со новинарите изјави дека седницата за разрешување на министерот за евроинтеграции, Орхан…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?