Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

Објавено June 17, 2025 00:08
Сподели
Сподели

Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици. Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен, единствен регионален глас што ќе ја обликува нашата заедничка иднина во Европа, е пораката што ја упати претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај и бугарскиотр претседател Румен Радев по завршувањето на денешниот Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржа во Тирана.

Отсекогаш сме биле не само географски дел од Еверопа, туку и историски и културно. Време е и политички да станеме дел од Европа. Ова јас не го нарекувам реинтеграција, ова го нарекувам реунификација бидејќи таа нема да биде завршена без нас, беше децидна Сиљановска – Давкова.

Додаде дека не смееме да дозволиме да бидеме геополитичка и геоекономска периферија. Потребна ни е, истакна таа, соработка, инфраструктурна, економска, енергетска, дигитална затоа што преку соработката ќе изградиме посилен и поповрзан и поконкурентен регион.

Да не очекуваме да не почитуваат, ако не се почитуваме меѓусебе. Поддржувам и поддржуваме заеднички регионален пазар и интегрирање на нашиот пазар во Европскиот, тоа мора да е врзано со реформи, а тоа ни го овозможува планот за раст на ЕУ, рече на прес – конференцијата Сиљановска-Давкова.

Упатувајќи честитки до домаќините – Албанија за досегашното претседавање со ПСЈИЕ и до идните – Бугарија, претседателката Сиљановска – Давкова уште еднаш повтори дека на сите ни е јасно дека патот до нашата европска иднина води преку регионалната соработка и солиданорст. Во таа насока, таа искажа длабока благодарнсот за покажаната солидарност по трагичниот пожар во Кочани.

Таквата хумансот и соседска грижа се потврда дека регионалната солидарност не е само вредност, туку е вистинска практика. Повикав денеска оваа солидарност да не остане изолиран гест, туку да стане суштински елемент во градењето на стабилен, безбеден и просперитетен регион, темел за промени, а не само реакција на кризи, рече претседателката на Македонија.

Не можев, нагласи таа, да не укажам на сериозните пречки што ја забавуваат европската интеграција на регионот.

Мислам дека постоеја и се уште постојат предрасуди како рецидиви од минатото дека ние сме периферијата на европската периферија. Укажав и на потребата од надминување на билатерализацијата во интеграцијата бидејќи од најблиските соседи очекувам најголемо разбирање. Ваквите постапки што нема да застант на нашиот случај, не само што го поткопуваат процесот, туку ја засилуваат всушност перцепцијата за Балканот дека се уште не е подготвен за Европа, потенцираше Сиљановска – Давкова.

Тоа значи, додаде претседателката на Македонија, ние сме одговорни да ги промениме овие наративи и трендови, бидејќи  силно влијаат врз демографската слика на регионот.

Укажа дека сите земји во реигонот се соочени, особено мојата земја, како што рече, со масовна депопулација, со егзодус на најумните, младите заминуваат и тоа е гоелма загуба и се чувастрвува не само во економијата, туку и во демократијата. Треба да ги инспирираме да остранат дома, порача таа.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Тирана и посочи дека во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската Унија.

Таа нагласи дека е особено важна одговорноста на земјите членки од регионот коишто треба да бидат двигатели на проширувањето, а не извор на блокади што го поткопуваат кредибилитетот на Унијата.

Истакнувајќи дека уште посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи, преку злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам, таа оцени дека овие постапки не само што го забавуваат процесот на евроинтеграцијата, туку и ги засилуваат стереотипите дека Балканот не е подготвен за Европа.

Нагласувајќи дека кандидатите за членство, наместо солидарност и фер процес, сѐ почесто се соочуваат со опструкции поради билатерални прашања, претседателката оцени дека наместо европеизација на Балканот – сведоци сме на опасен тренд на балканизација на Европската Унија и истакна дека ова мора да се смени и тоа за доброто на сите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола
Следна Статија Ако сте меѓу овие 4 хороскопски знаци, ќе си ја најдете сродната душа до крај на летото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за обиди за ескалација и креирање на етнички тензии, како Влада гарантираме безбедност

Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јорданова: Вообичаено државите кандидати ги влечат напред соседите, нас тие не блокираат

Експертот за ЕУ, Малинка Р. Јорданова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни зошто трае толку македонскиот евроинтеграциски процес.…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поддржете ги нашите шампиони во роботика

На 24 февруари 2025 година (понеделник) во Beer Garden, Скопје со почеток во 19 часот ќе се прибираат донации за…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде…

April 22, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?