Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ
ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ

Објавено October 15, 2025 17:15
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која денеска треба да се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека очекува од неа креативни предлози и решенија, по, како што рече, нејзината храбра изјава дека треба да се предизвика или да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите.

Шефицата на државата одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од средбата, но и што таа и ќе порача на Фон дер Лајен, истакна оти верува дека ќе се разговара за Реформската агенда и за Планот за раст, но додаде дека тоа повеќе ќе биде во сферата на разговорите со Владата, но и за можни креативни решенија и предлози за носењето одлуки во ЕУ при прием на нови членки.

-Верувам дека ќе зборуваме за реформската агенда и за Планот за раст, иако веројатно тоа е повеќе во сферата на разговорот со Владата. Се разбира јас очекувам по нејзината храбра изјава дека треба да се предизвика или да се урне штитот на консензусот, како нужен за исчекор за евроинтеграцијата, да чујам креативни предлози и решенија, а ние сме подготвени за дијалог, сме имале неформални дијалози. Ние предложивме и ќе предложиме излезни решенија, а вие набрзо ќе ја го дознаете содржината и суштината на дијалогот од денешната средба, рече Сиљановска Давкова по отворањето на настанот по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.

Таа дополни дека е повеќе од јасно дека ставањето крај на консензусот може да се случи само со консензус, а во моментот него очигледно го нема. Посочи дека за ветото се борат помалите држави и најмногу оние од Централна и Источна Европа.

-Но и тука има различни пристапи, како оној што го чувме од претседателот на Словачка, кој и денеска е овде. Да тој е еден од поборниците на ветото и на консензусот, но вели дека никогаш и никаде не, доколку не се однесува на Копенхагенските критериуми, туку се однесува на обиди на употреба на статусот на членките на ЕУ за „ревизија на прашања од историјата, културата и јазикот“, рече претседателката.

Таа нагласи дека и денеска ќе го повтори тоа што и е живот, имајќи предвид дека предава и европско уставно право.

-Мислам дека членките на ЕУ се должни да ги почитуваат своите уставни документи, особено Лисабонскиот договор, јасна е во Преамбулата алинејата шест, која што вели дека ЕУ ќе ги почитува историјата, културата, јазикот на нациите и на државите, бидејќи е единство на различности, дека ќе ги почитува уставните структури на државите, се вели во членот четири, што е многу интресно и за размислување. Така ЕУ ќе остане најинспиративна, за нас се уште е, голем е процентот на приврзаниците, тоа е логично и ние секогаш не само географски, туку и историски, културно сме биле дел од ЕУ и нема ниту една логична причина да не бидеме и политички. Тоа веќе не е прашање на проширување, туку е прашање на безбедност, истакна Сиљановска Давкова.

Фон дер Лајен денеска ќе се сретна со Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
Следна Статија Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниедна реформа во судството, не те интересира правдата

„Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Немам информации за средба со Радев во Будимпешта, но сум подготвен да седнам и да разговарам

Немам информации за средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Будимпешта, но сум подготвен да седнам и да разговарам, одговори…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Нова „бомба“ на СДСМ: Дали власта на Мицкоски внесува сомнителен капитал во Македонија преку „банкарот на Вучиќ“

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), конкретно нејзиниот т.н. антикорупциски тим, денеска објави нова „бомба“, односно изнесоа наоди за влез…

December 12, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM прави стратешки грешки со кои докажува вмешаност во следењето на Мицкоски

По денешната прес-конференција на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека социјалдемократите со своите изјави „прават суштински стратешки грешки со кои од…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?