Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората да се спречи егзодусот од Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората да се спречи егзодусот од Македонија
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората да се спречи егзодусот од Македонија

Објавено October 12, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, со која иселениците ќе контактираат и ќе се враќаат, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во нејзиното обраќање на приемот, што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат во Венеција (Местре), во Италија.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска – Давкова, таа пред присутните гости, припадници на македонската дијаспора во Италија, порача дека иселувањето, особено на младите, стана најголема закана за нашата иднина, и побара помош од дијаспората во спречувањето на егзодусот, преку поактивно учество во креирањето политики и носењето одлуки.

За да го спречиме егзодусот потребна ни е помош и од дијаспората. Потребни ни се вашите идеи, вашето знаење, вашето искуство, и вашето поактивно учество во креирањето на политиките и носењето одлуките кај нас, дома, што е наша, а не ваша обврска. Мојата посветеност кон дијаспората не е само изборна реторика. Нашата Влада подготвува петгодишна Национална стратегија за дијаспората, во чие изготвување мојот Кабинет има сериозна улога и учество преку претставници во работната група. Оваа стратегија треба да ѝ овозможи на дијаспората многу поактивно да се вклучи во јавната расправа и во зајакнувањето на државата. Дополнително, планирам набрзо да го формирам Советот за дијаспора при Кабинетот на претседателот. Се разбира, од вас ќе зависи кој ќе седи таму, вие подобро се познавате меѓу себе. Вашите искуства и согледувања ни се, и мене ми се лично, бесценети, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

Таа посочи дека ни претстои голема работа, пиодвлекувајќи дека земјите со силни дијаспори просперираат, земјите со слаби дијаспори стагнираат.

Особено по македонската независност, успехот на нашата заедничка татковина се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им овозможува еднакви шанси за напредок на сите нејзини нејзини граѓани, независно од нивната етничка, верска, или која било друга припадност. Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да ја направиме државата стандардна европска држава каде младите ќе остануваат, или ќе доаѓаат, или со која ќе контактираат, и со која вие, иселениците ќе се гордеете и ќе имате причина не само да се навраќате, туку и да се враќате можеби, порача Сиљановска – Давкова.

На сенародната средба претходеше разговор на претседателката со претставници на македонските здруженија и на црковните општини на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Исламската верска заедница, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Организирана македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава
Следна Статија Авганистан објави дека убиле 58 војници во граничните судири со Пакистан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доделени наградите „8 септември“, Јошко Миленкоски доби признание за животно дело

Министеството за спорт на Република Македонија го додели традиционалното признание и државната награда „8 септември“. Денес во просториите на Собранието…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои  решаваат реални проблеми за реалните…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

УНИЦЕФ со пофалби за новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата

„УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето на новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата на Северна…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?