Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност

Објавено January 12, 2026 13:57
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска за членки на Судскиот совет.

За двете кандидатки таа рече дека изборот го направила согласно нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личен кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на правосудството треба да ги водат личности кои се препознатливи во својата област на делување.

– Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството… Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку пред се заради нивната стручност и компетентност, рече претседателката.

Сиљановска – Давкова ја искористи можноста да посочи и на важноста на етичката димензија, како предуслов за независно судство, покрај професионалноста и компетентноста.

– Судскиот совет е рентгенот, микроскопот, во него треба да седат луѓе кои ќе треба да оценуваат врз основа на тоа што го имат како квалификација, но и врз основа на интегритетот и дигнитетот…Во правото најважни се законитоста, уставноста, етиката, бидејќи само таков орган ќе може да одлучува за дисциплинска одговорност, за избор на судии, разрешување судии…рече претседателката.

Таа уште нагласи дека реформите во судството почнуваат токму во Судскиот совет.

– Ако  во Судскиот совет регрутираме луѓе посветени на правото, луѓе стручни и компетентни во областа, мислам дека тоа ќе значи промовирање на исти критериуми и при изборот на судиите, одговорноста на судиите и се разбира, очекувам нешто што додека бев пратеничка не го видов – да добиваме извештаи од Советот што ќе бидат аргументирани, во кои не само што ќе се детектираат проблеми туку и начини за нивно надминување, извештаи кои ќе значат исчекор во реформите, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви

Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи делови за коли секоја среда и петок се…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дамева замина: Мандатот и истекува задутре, но претседателката на Судскиот совет одлучи денеска да си оди со оставка

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска на прес-конференција информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Нејзиниот мандат секако би…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните

„Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем

Американската амбасада во земјава будно ги мониторира последните случувања во правосудниот систем и сака да види дека законот се почитува,…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?