Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан

Објавено March 3, 2026 15:20
Сподели
Сподели

Денешните сложени безбедносни околности бараат будност и подготвеност. Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.

-Во овој момент, затоа е и генералниот секретар на НАТО тука, неопходно е во рамки на НАТО да се надминуваат разликите, или да се усогласуваат разликите за да се обезбеди кохезија врз основа на заедничките вредности и принципи врз кое е втемелено НАТО, потенцира претседателката Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова истакна дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ, и поради тоа, како што рече, очекува на претстојниот самит на НАТО во Анкара особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан со оглед на актуелните предизвици.

Марк Руте подвлече дека Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на источната страна на алијансата.

–Македонија дава повеќе од 2 проценти за одбраната од својот БДП, ова е огромен напредок и земјата дава свои заложби за да се постигне до 5 проценти како што беше ветено. Мораме да ги зголемиме придонесите кон одбраната и целосно да ги опремиме активностите на НАТО, сакам да ја поздравам поддршката на Македонија за Украина, рече Руте.

Тој истакна дека мора да соработуваме за да ја поддржиме нашата заедничка безбедност и Македонија игра значајна улога во заштитатат на безбедноста на Западен Балкан.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Bank of America resets Nvidia price target after earnings – Yahoo Finance
Следна Статија BLACKPINK’s ‘DEADLINE’: Every Track Ranked From ‘GO’ to ‘JUMP’ – Billboard

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта

Во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, се одржа трибина на тема „600…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека зголемување на платите во образованието од седум проценти ќе има…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Бугарија: Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се работи на значаен проект, да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не надвор од Македонија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека присуствуваше на пуштање во употреба на…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?