Сиљановска-Давкова: Се надевам дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден

- Advertisement -

Претседателката на државава Гордана Сиљановска – Давкова го честиташе Божиќ од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Во изјава за медиуми, таа изрази надеж дека најдоброто од сите ќе се разбуди на овој ден.

-Се надевам дека навистина, како што архиепископот неколкупати напомена, дека ова ќе значи дека знаеме дека ѕвездата од Витлеем нѐ води и дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден. Посакувам вечен да е, се разбира, додаде претседателката на државава.

Сподели ја оваа статија