Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Објавено March 7, 2025 10:09
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.

Обајцата се потсетија на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход.

За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата.

Таа ја истакна нашата готовност да се фатиме во костец со Копенхагенските предизвици, доколку не бидеме заглавени во бесмислените билатерални спорови, што се реална закана не само за нас и регионот, туку и за проширувањето на ЕУ.

Претседателот на Саборот на Хрватска изрази став дека заканата со вето од соседите не е фер и дека Хрватска ќе остане наш верен пријател со големо разбирање и поддршка за нас.

Претседателката и претседателот на Хрватскиот Сабор ја потенцираа грижата за македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, коишто прераснале во цврсти мостови на заемна доверба и соработка.

На средбата стана збор за драматичните промени во светскиот поредок, како и за ранливата безбедносна состојба во европски и светски рамки со заложба за трајно руско-украинско мировно решение.

Средбата заврши со согласност да продолжат, да се прошират и продлабочат македонско-хрватските односи во сферата на политиката, економијата, културата, туризмот и спортот.

Претседателката испрати топли поздрави до претседателот на Хрватска кого го очекува во државна посета во мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп оди во Саудиска Арабија, сака договор од трилиони долари
Следна Статија (Видео) Дончиќ и Леброн го поништија учинокот на Брансон – Лејкерси го победија Њујорк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска облачно, за Божиќ ќе има снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.…

January 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Приоритет на Министерството за правда е враќањето на довербата во правосудниот систем

Министерот за правда Игор Филков во интервју за Press24.mk вели дека и покрај изборниот период, реформскиот процес нема да застане…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје повторно прв најзагаден град во Европа

Скопјани и утрово се разбуди во смог. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е прв најзагаден град во Европа,…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?