Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Објавено March 27, 2025 21:43
Сподели
Сподели

Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.

Мицкоски нагласи дека Владата вложува надчовечки напори во спасувањето на повредените во трагедијата.

– Немам што повеќе да кажам од она што го кажав досега. Уште еднаш да изразам сочуство на семејствата кои што ги загубија своите животи во оваа трагична и ужасна несреќа во Кочани. Како Влада правиме сѐ што е во наша моќ, вложуваме надчовечки напори да спасиме живот повеќе од оние што се повредени. Се радувам дека дел од нив полека се испишуваат од болниците во Скопје, но се враќаат и од странство, рече Мицкоски.

ТВ Канал 5 вечерва организира донаторска вечер со телефонски јавувања, на која учество земаа покрај премиерот Христијан Мицкоски, и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министри, претставници на политички партии, луѓе од јавниот и општествениот живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) “Македонија е грчка“ извикуваше грчката армија на прославата на Денот на независноста
Следна Статија Путин има потекло од Балканот, поточно од Албанија, потврди неговата ДНК?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За верниците од исламска вероисповед денес започнува Светиот месец “Рамазан“

За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Царинската управа ќе одбележи 34 години од основањето

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската…

April 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Платформата е обид за дефокус од тоталниот дебакл на власта

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва во „Тема на денот“ на  телевизија Сител нагласи дека т.н. „Платформа“ претставува обид за…

July 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?