Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова со честитка за Илинден: Илинден е призната што тече, се пишува и допишувала со крв и солзи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова со честитка за Илинден: Илинден е призната што тече, се пишува и допишувала со крв и солзи
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со честитка за Илинден: Илинден е призната што тече, се пишува и допишувала со крв и солзи

Објавено August 2, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

„Илинден е сржта на македонската историја,

Илинден е срцето на македонската република,

Илинден е душата на македонската државност,

Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост!

2 Август е денот на двата Илиндена: Крушевскиот којшто ја роди идејата за Републиката и асномскиот којшто ја оживотвори

Првиот беше искра, вториот пламен, првиот беше ослободителен крик и херојска епопеја, вториот беше државна конституција по победа.

Првиот посеа републиканско семе, вториот ја собра жетвата на Народноослободителната борба.

Илинден е приказна што тече, се пишува и допишува со крв и солзи, порази и победи.

Илинден нѐ учи дека Републиката не се наследува, туку се изборува и се заслужува.

Илинден нѐ обврзува да направиме од државата пристојно место за живеење за сите, место од кое нема да се бега, туку во кое ќе се доаѓа.

Илинден е пример за обединување заради заедничка цел и општо добро.

Илинден е ден на тивка заклетва пред Никола, Питу, Даме, Гоце… и пред мноштвото знајни и незнајни борци, дека она што го сториле за нас, несебично вградувајќи се во темелите на македонската државност, никогаш нема да го заборавиме и засрамиме.

Драги потомци на славните илинденци, наследници на нивната визија, храброст и неизмерна љубов кон татковината, од срце ви го честитам Илинден, празникот над празниците.

Нека е вековита македонската република!

Нека ни е вечен Илинден!“, стои во честитката на претседателката Сиљановска-Давкова. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ: Пресудата на Додик е обврзувачка, сите страни треба да ја почитуваат
Следна Статија Ѓоковиќ станува ко-сопственик на фудбалски клуб

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз утре ќе биде бесплатен од 18 часот поради „Бела ноќ“

Поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, што ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот во текот на утрешниот…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа оставивме позитивен пример на Балканот, Европа и светот

Во ова време на војни и хаос во светот, исклучително сум среќен што успеавме да го постигнеме Договорот во Преспа,…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Коцевски руководеќи кадар а ла Шојиќ!

„Појаснувам дека не се работи за назначување вршител на должноста виш јавен обвинител, туку за определување на времен раководител на…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да одговори – од каде парцели во Жданец и вила во Грција?

Поставуваме сериозни, јавни и суштински прашања кои бараат итен и транспарентен одговор од градоначалникот на Општина Карпош во заминување Стевче…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?