Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов

Објавено March 2, 2026 10:33
Сподели
Сподели

Состојбата е стабилна и безбедна врз основа на податоците на агенциите за разузнавање и за национална безбедност, како и од податоците на министерствата за надворешни работи, за внатрешни и за одбрана со Генералштабот на Армијата, изјави синоќа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова  по завршувањето на седницата на Советот за безбедност во претседателската Вила Водно, свикана поради влошената состојба на Блискиот Исток.

-Ние не сме во моментов изложени на нестабилност, ниту има опасности по безбедноста внатре и во регионот. Систем на рано предупредување веќе постои заради координацијата на сите надлежни органи и тој е многу важен и поврзан со постојано следење на воените состојби. Значи, институциите ја следат состојбата во рамките на надлежноста, ги анализираат состојбите, се координираат, информираат и затоа мислам дека оваа оценка на стабилност и на безбедност е релевантна и важна, истакна претседателката.

Посочи дека редовно се вршат проценки на ризиците и сите присутни на состанокот, кој во Вила Водно траеше повеќе од два часа, се обврзале дека тоа ќе продолжат да го прават.

-Се разбира, ние сме во координација и со органите во регионот. Се уште НАТО немал седница која ќе биде посветена, меѓутоа Советот за безбедност заседаваше. Се разбира дека и регионалните информации ќе бидат споделени. Долга беше седницата заради темелноста на анализите и на информациите. Секогаш во вакви ситуации размислуваме за можното влијание не само на безбедноста туку и на економијата, на користењето на енергенсите итн. Во тој поглед, исто така, надлежните информираа дека нема проблем, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција. Законот предвидува да мора да има обезбедена нафта од 40 до 90 дена и тоа е исполнето. Значи, од она што го чув јас како претседателка можам да кажам дека имам цврсто уверување, не само институционално туку и документирано со податоци, дека нема зошто да се грижиме во моментов. Се разбира ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме, изјави Сиљановска-Давкова.

Како што рече, од надлежните добила информации дека под заштита и под контрола е седиштето на Еврејската заедница и Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, поради можните закани кон синагогите и други еврејски објекти низ светот на кои треба да им се посвети посебно внимание.

-И тоа се следи, и тоа е под заштита и контрола, што значи не може да очекуваме изненадување, додаде претседателката.

Советот за безбедност беше во комплетен состав, цело време на седницата преку видеоврска учествувал и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој е во Соединетите Американски Држави и од него, рече Сиљановска-Давкова, ги добиле информациите за растечкиот број македонски државјани во регионот на Блискиот Исток. До нив е пратена пораката од Министерството за надворешни работи да се обратат до ДКП-ата и да се регистрираат за да бидат во предвид за евентуална евакуација.

-Најважно е дека формираниот Кризен центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во постојан контакт со сите граѓани. Се разбира дека луѓето се загрижени, причината е затвореното небо за прелети. Во некои држави, како на пример Катар, можноста беше со бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Факт е дека се згрижени, дека се безбедни и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи коешто работи на тоа да најде најдобар начин најбрзо што е можно за да може оние кои сакаат да дојдат овде, рече претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на Советот за безбедност. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Trump administration to withhold $259M in Minnesota Medicaid funds, citing fraud – The Washington Post
Следна Статија Trump administration to withhold $259M in Minnesota Medicaid funds, citing fraud – The Washington Post

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Берово утрово – 1 степен, максималната дневна и до 23

Во Берово минималната утринска температура изнесувала -1, во Струмица 2, Тетово и Демир Капија 3, Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола и…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ранетиот во Чаир е ТИНЕЈЏЕР, кажал на полицијата кој пукал во него

На 05.10.2024 околу 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?