Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска за Курбан Бајрам: Да се потпреме еден на друг, суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска за Курбан Бајрам: Да се потпреме еден на друг, суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска за Курбан Бајрам: Да се потпреме еден на друг, суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!

Објавено June 6, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.

„Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан бајрам и од сѐ срце да Ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов.

Како празник на дарувањето и на помагањето, Курбан бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата. Како општество, отсекогаш се истакнуваме со солидарноста, сплотеноста, почитта и грижата, и тоа мора и понатаму да го чуваме и да го негуваме.

Живееме во сложени и динамични времиња со тектонски политички и економски промени на глобално ниво, коишто бараат мудрост, заедништво и силна волја и истрајност.

Да се потпреме еден на друг, да ги развиваме емпатијата и солидарноста, и суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!“, пишува во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија вечерва ја пречекува Белгија во мундијалските квалификации
Следна Статија Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството

Кандидатката за градоначалник за општина Центар од „Независни заедно“, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа

Доктор Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа, во која за малку можел да загине. Ова му се…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Суспензија за полицаецот во Шутка кој го пренел телефонот до Васил Јованов, само денеска се одземени 70 мобилни

Суспендиран е затворскиот полицаец, којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското оделение во Шутка, но истрагата нема да…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?