Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска за средбата со Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка ниту за двор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска за средбата со Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка ниту за двор
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска за средбата со Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка ниту за двор

Објавено November 4, 2025 09:58
Сподели
Сподели

На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште, вака претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја искоментира објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која по последната посета на Скопје на Икс платформата напиша: „Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“.

-Топката е реквизит. Освен во уметничката гимнастика, сам со топка никој не игра. Значи, топката е инструмент за игра. За игра се потребни двајца. Играта секогаш се одвива по точно утврдени правила. Правилата не се менуваат во текот на играта, што ни се случи нам. Е сега, што ако е топката од офсајд или што ако е топката со фаул фрлена во игралиштето? Или, што ако голов е празен, нашиот беше празен, па го полнеа, го полнеа, мрежата се искина. Значи, правилата во играта се однапред утврдени. Тоа е прво. Второ, кога мене ме прашуваат однадвор – дали ќе го смените Уставот, јас не можам таква гаранција да дадам, јас велам не сум јас Јован Безземја, не сум јас апсолутен монарх. Значи, парламентот тоа го прави. А пратениците гласаат по сопствено уверување и ги претставуваат граѓаните, не мене и не ЕУ. Да бидам искрена. Значи кога вие велите сменете го Уставот, професорот во мене вели вака – ‘кога вака ми велите мене, морате да го смените Уставот’, вие ми велите – ‘заборавете на парламентарната демократија, оти таа има неизвесен резултат’… Е сега, тоа е нешто што ме тера на следново. Да подразмислиме, како можело во Преговарачка рамка и во заклучоци да влезат одредби од записник…, рече Сиљановска-Давкова во гостувањето на емисијата 360 степени на МРТ.

Таа потврди дека побарала помош од францускиот претседател Емануал Макрон.

-Нормално, јас барам помош од претседателот Макрон, бидејќи придавкава е француски (предлог). Е па, сега, најдете решение. Јас мислам дека, не знам, дека мора да се најде излезно решение, а како што знаете, Европејците, особено и тие во Европската Унија, многу креативни знаат да бидат кога е потребно, истакна Сиљановска-Давкова.

На прашањето дали нешто во заднина се движи, а јавноста не го гледа, претседателката одговори потврдно.

-Секогаш се движи. Не секогаш движењето е јавно, бидејќи за да заслужите кредибилитет, статус на кредибилитет, не можете да раскажувате за сите работи што се случуваат. Се работи за сериозно прашање, за сериозна пречка во однос на нас. Верувајте ми, најголемиот дел од своето време јас го потрошив на објаснување за што всушност сме ние загрижени, бидејќи однадвор не изгледа така. Најчесто ќе чуете – па вие сами го усвоивте ова решение, и Владата и Собранието и претседателот застанаа зад него, тоа стана дел од Преговарачката рамка и од заклучоците, и сега зошто не го извршувате? Не е баш така. Јас сум била, за среќа или несреќа, пратеничка. Ние не гласавме за Преговарачка рамка или за заклучоци. Пред нас дојде само информација за заклучоците. И толку беше. Значи, таа постапка тотално беше нетранспарентна, напомена Сиљановска-Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски со лидерите од Западен Балкан на Самит за проширување на ЕУ во Брисел
Следна Статија EУ денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стоилковски: Пет можни групи „свиркачи“ „вработени во безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски

Во еден од последните „воени покличи“ од Славјанка Петровска, пратеник и ексминистер од СДСМ за одбрана, против именувањето на Бојан…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Проф.Груевска им одговори на албанските интелектуалци: Не може јазик што не го разбираат 75 посто од населението да биде на исто рамниште со македонскиот

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Симона Груевска се огласи за писмото на албанските интелектуалци до…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Буџетот за научно – истражувачка дејност ќе биде речиси двојно поголем

Денеска се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои…

November 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Архангел Михаил – голем празник за православните христијани

За православните христијани денеска е голем и тежок христијански празник - Свети Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?