Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти
СВЕТ

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти

Објавено August 13, 2025 14:06
Сподели
Сподели

Полското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори, откако иницијативата за транспарентност откри дека средствата биле искористени за јахти, вотка-барови и фирма регистрирана на истата адреса како секс-клуб, јавија денеска локални медиуми.

Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, изјави дека ниту еден злот повеќе нема да биде исплатен сè додека не се ревидираат сите околу 2.400 субвенции, чија вкупна вредност изнесува околу 1,2 милијарди злоти (282,3 милиони евра), јави Политико. – Секој злот ќе биде проверен, рече таа за новинарите, ставајќи ја вината на правилата што ги поставила претходната влада на партијата „Право и правда“ (ПиС). Нејзината цел, додаде Пелчинска-Налеч, е да се заштити довербата на јавноста во европските фондови и да се осигура дека средствата ќе стигнат до наменетите корисници.

Досега се исплатени околу 110 милиони злоти (25,8 милиони евра), оставајќи го поголемиот дел од буџетот на програмата замрзнат. Шемата HoReCa, дел од полскиот план за закрепнување од Ковид-19, беше наменета за поддршка на малите бизниси во туризмот и угостителството за диверзификација по пандемијата.

Брисел години наназад ги блокираше исплатите од фондот за закрепнување вреден 59,8 милијарди евра за Полска поради спорови околу владеењето на правото со претходната влада, што го направи неговото конечно одмрзнување клучен успех на премиерот Доналд Туск по неговата изборна победа во 2023 година. Сепак, интерактивната онлајн карта на корисници, објавена минатата недела, предизвика незадоволство меѓу полската јавност поради купувања што предизвикаа изненадување, вклучувајќи пловни објекти, луксузен мебел и субвенции регистрирани на адреса на свингерски клуб.

ПиС ја искористи контроверзата за да ја обвини владата на Туск за клиентелизам и расипништво, истакнувајќи пукнатини во владејачката коалиција. „Овие средства беа наменети за обновата на Полска по пандемијата и создавањето нови работни места. Туск вети развој што сите ќе го почувствуваат. Она што го чувствуваме е огромен смрдеа и огромен долг што сите ќе мора да го исплатиме, се посочува во соопштението на портпаролот на ПиС, Рафал Бохенек.

Од друга страна, Туск ја брани својата влада, обвинувајќи ја претходната администрација на ПиС дека години наназад ги блокирала средствата, принудувајќи ги на брза имплементација. „Сто проценти одговорност за овој долгогодишен хаос паѓа на нашите претходници кои ги блокираа средствата и ни оставија многу малку време да ги потрошиме правилно“, рече тој. Туск додаде дека министерството за европски фондови ги олабави процедурите и контролите за да се осигура дека средствата ќе стигнат до корисниците, но некои го искористиле тоа, трошејќи на начини што луѓето, со право, ги сметаат за сомнителни, ако не и отворено криминални.

Портпаролот на Европската комисија за радио RMF FM изјави дека извршната институција на ЕУ „внимателно ја следи ситуацијата“, но нагласи дека одговорноста за управувањето со средствата лежи на Варшава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија
Следна Статија Дубровник најбезбеден туристички град во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Познат американски универзитет отпушти 2.000 луѓе, Трамп го скрати финансирањето

Универзитетот „Џон Хопкинс“ денеска објави дека ќе отпушти повеќе од 2.000 вработени во САД и во странство, откако администрацијата на…

March 15, 2025
СВЕТ

Кина се потсмева со царините на Трамп: И капите МАГА се „Мејд ин Чајна“, поскапеа дупло

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, објави илустрација на социјалните мрежи во која се потсмева на ефектите…

April 10, 2025
СВЕТ

Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен

Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена вторпат од Урсула…

November 27, 2024
СВЕТ

Жената која избоде 18 лица во Хамбург ќе биде сместена во психијатриска установа

Судија нареди 39-годишната жена осомничена за напад со нож на главната железничка станица во Хамбург да биде предадена на психијатриска…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?