Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скандал: Италијански компании обезбедувале делови со лош квалитет за Боинг 787
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Скандал: Италијански компании обезбедувале делови со лош квалитет за Боинг 787
СВЕТ

Скандал: Италијански компании обезбедувале делови со лош квалитет за Боинг 787

Објавено March 14, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Италијанските власти открија голема измама во воздушната индустрија, откако фатија двајца мажи како фрлаат хемиски отпад во канализациониот систем во близина на фабриката MPS во Бриндизи.

Инцидентот во 2020 година ги наведе истражителите да откријат илјадници супстандардни компоненти на авиони инсталирани во речиси 500 авиони Боинг 787, кои моментално се во употреба ширум светот.

Една мала италијанска компанија за делови за авиони, наводно користела поевтини и послаби метали наместо специјализирани легури на титаниум и алуминиум неопходни за клучните компоненти на авионот Боинг 787.

Воздухопловниот портал Aviationa2z објави дека раководителите на MPS ги негирале овие наводи во изјава за Ројтерс. Една од водечките корпорации тврди дека не постои директен безбедносен ризик, а според последните извештаи во медиумите, американските регулаторни агенции сè уште немаат издадено наредби и упатства за итни случаи, кои обично се резервирани за такви ситуации.

Италијанската истрага со помош на свиркач утврдила дека МПС и компанијата која претходно се занимавала со истиот бизнис, Процеси Специјали, набавиле минимални количества пропишани легури на метални авиони, а наместо специјализирани легури на титаниум користеле обичен титаниум, што значително ги намалило трошоците, но и структурната цврстина на деловите.

Обвинителите тврдат дека фалсификуваните компоненти влегле во синџирот на снабдување на Боинг преку италијанската компанија Леонардо, која произведува два сегменти од трупот за Боинг 787 во својата фабрика во Гротаљо. Оваа измама траела четири години пред да биде откриена. Овој случај ги истакнал сериозните слабости во системот за инспекција на воздухопловната индустрија, бидејќи ревизиите не успеале да откријат замена на материјалот во клучните компоненти на авионот:

Помеѓу 2017 и 2021 година, MPS успешно ги помина ревизиите од три различни организации за сертификација, и покрај тоа што користеше материјали со низок квалитет. Ниту една од овие инспекции не вклучуваше физички преглед на гредите од подот, кои се клучни структурни елементи во авионот.

Италијанската новинска агенција ANSA (Agenzia Nazionale Stampa Associata) објави за скандалот со заменските метали уште во октомври 2021 година, но деталите за процесот на ревизија на MPS и вкупниот број на проблематични делови останаа засега непознати.

Во октомври минатата година, оваа приказна накратко повторно ја разбранува јавноста: Според извештајот на италијанските истражни органи, деловите произведени од Леонардо, за кои материјалот го обезбедил MPS, се однесуваат на деловите 44 и 46 од трупот на авионот, во средината на авионот. Овие делови имале значително помал статички отпор, како и отпорност на стрес, што може да влијае на безбедноста на летот, пишуваше тогаш порталот Simple Flying.

Во текот на истрагата биле запленети околу 6.000 делови од авиони. Потврдено е дека најмалку 4.829 делови од титаниум и најмалку 1.158 алуминиумски компоненти биле со слаб квалитет. Седум лица и две – сега стечајни – компании од Бриндизи (MPS и Processi Speciali) се обвинети, потврди АНСА.

Леонардо рече дека обвинителите го сметаат производителот за жртва во овој случај. Боинг, исто така, добил статус на жртва и одбиле да коментираат за истрагата, но нагласиле дека имплементира „сеопфатен систем за управување со квалитетот“, вклучувајќи ревизии на добавувачи и дополнителни проверки од телата за сертификација и други индустриски субјекти.

Доверливите обвинителски документи откриваат дека овие неисправни делови се инсталирани во најмалку 477 авиони кои моментално се во употреба, нешто повеќе од првичната проценка на Федералната управа за авијација (FAA).

Воздухопловните експерти, кои ги тестираа деловите за обвинителството, заклучија дека неквалитетните потпори на подот може да попуштат при итно слетување, што може да ја загрози стабилноста на авионот. ФАА призна дека ова може да биде најлошото сценарио, но посочиле дека дефектот ќе мора да се случи истовремено во повеќе соседни компоненти за да предизвика сериозен инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија се откажа од изградбата на железничкиот коридор 8 кон Македонија
Следна Статија Собранието на Република Српска синоќа ги усвои Предлогот за нов Устав на РС и Законот за заштита на уставниот поредок на РС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кои авио компании го користат моделот на Боинг што се урна во Индија?

Авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со неколку стотици патници се урна кратко по полетувањето…

June 12, 2025
СВЕТ

Ги лажеле дека децата им умреле на породувањето, а тие завршиле во странство: Страшна приказна од Романија

Токму пред три децении, околу 30.000 деца од Романија, кои во 1990-тите биле одведени во странство, денес се обидуваат да…

April 26, 2025
СВЕТ

Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија

ДПА Новата коалиција предводена од германските конзервативци денеска ја презема функцијата  под раководна палка  на новиот канцелар Фридрих Мерц, помалку…

May 6, 2025
СВЕТ

Во САД протести против Трамп: „Рацете подалеку од нашата демократија“

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката…

April 6, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?