Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скок на цените на нафтата: Трговците стравуваат од најавените царини за венецуелската нафта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Скок на цените на нафтата: Трговците стравуваат од најавените царини за венецуелската нафта
Blog

Скок на цените на нафтата: Трговците стравуваат од најавените царини за венецуелската нафта

Објавено March 27, 2025 10:09
Сподели
Сподели

Се проценува дека ова е резултат на силната побарувачка во САД, потврдена со падот на залихите и геополитичките тензии околу американските царини за увозот на нафта од Венецуела.

Цената на нафтата порасна на светските берзи. Барелот на лондонскиот пазар достигна 73,90 долари, додека на американскиот 69,94 долари. Ова е резултат на силната побарувачка во САД, потврдена со падот на залихите и геополитичките тензии околу американските царини за увозот на нафта од Венецуела.

Трговците ги загрижува американската најава дека ќе воведе царини на земјите кои купуваат нафта од Венецуела.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување секундарни царини од 25% за земјите кои купуваат нафта од Венецуела од 2 април. Оваа одлука, покрај веќе постоечките санкции кон Кина и Иран, може дополнително да го наруши глобалното снабдување и да го зголеми притисокот врз цените. Кина пред два дена го запре увозот на венецуелска нафта, при што трговците и рафинериите изјавија дека го чекаат следниот потег на Вашингтон и инструкциите од Пекинг.

Венецуела, која со години зависи од извозот на нафта, може да изгуби повеќе од 4,9 милијарди долари годишно, што е повеќе од 10% од нејзиниот БДП.

Според американнското Министерство за енергетика залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа за 3,3 милиони барели, а залихите на бензин за 1,4 милиони барели. Незначително паднаа и залихите на дестилати, за 420 илјади барели. Тоа укажува на силна домашна побарувачка.

Посилниот раст на цените беше запрен од шпекулациите дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници пумпаат повеќе нафта на пазарот со што се компензира загубата од 1,5 милиони барели дневно од иранскиот извоз.

Групацијата веќе објави дека од април ќе пушти дополнителни околу 138.000 барели нафта дневно на пазарот.

ОПЕК одделно објави дека барел од кошничката нафта на нејзините членки во вторникот поскапе за 63 центи на 75,74 долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Се подобрува состојбата на Иван кој се лекува во Полска, се надева на брзо враќање дома
Следна Статија Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Нов Android 17 дизајн: Разделени известувања и брзи поставки [Галерија]

Најнова информација открива потенцијални промени во Android корисничкото искуство со разделени известувања и брзи поставки

January 15, 2026

Unlock the full potential of your Galaxy S26 with Spigen’s MagFit ecosystem – 9to5Google

The Galaxy S26 looks and feels pretty similar to previous phones in the series, so if you’re upgrading this year,...

March 2, 2026
Blog

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Хајделберг факултет Скопје со гордост го објавува официјалното формирање на Бизнис советот, стратешки советодавен одбор насочен кон зајакнување на соработката…

December 21, 2024
Blog

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?