Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СКОПЈЕ Е ВО НАЈНАПРЕДНА ФАЗА НА ИЗГРАДБА НА НОВАТА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА Се градат 58 објекти меѓу Гази Баба и Аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СКОПЈЕ Е ВО НАЈНАПРЕДНА ФАЗА НА ИЗГРАДБА НА НОВАТА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА Се градат 58 објекти меѓу Гази Баба и Аеродром
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ Е ВО НАЈНАПРЕДНА ФАЗА НА ИЗГРАДБА НА НОВАТА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА Се градат 58 објекти меѓу Гази Баба и Аеродром

Објавено June 15, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Град Скопје – кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука – е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот, соопшти Град Скопје.

„Проектот го имплементира ЈП Водовод и канализација Скопје, со силна поддршка од Европската Унија преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) за иградба на современа централна пречистителна станица за отпадни води, лоцирана помеѓу општините Гази Баба и Аеродром, опфаќа проектна површина од 184.610 метри квадратни“, се наведува во соопштението.

Овој еко-трансформативен проект вклучува изградба на 58 објекти, се додава, од кои повеќето веќе се во активна фаза на изградба, а вклучуваат пумпна станица за сирова вода со лев и со десен колектор што се протегаат на 1.050 метри квадратни, објект за прифаќање површина од 470 метри квадратни, таложници за песок и маслофаќачи на површина од 1.450 метри квадратни и дигестори кои зафаќаат површина од 2.000 метри квадратни.

„Со изградбата на пречистителната станица се обезбедува примарен и секундарен третман, со користење на најсовремена технологија и опрема за биолошки третман на отпадни води. Овој проект има за цел значително да го подобри квалитетот на површинските и на подземните води, со што ќе се придонесе за целокупно подобрување на состојбата на животната средина и на здравјето на жителите на Скопјe“, информира Град Скопје.

Проектот на пречистителната станица на Скопјe ги предводи еколошките иновации, се вели во соопштението, со користење врвна технологија и опрема, со што претставува пример во тековните проекти во регионот.

„Овој проект е доказ за потенцијалот за соработка меѓу локалните власти и меѓународните партнери за справување со критичните еколошки предизвици, со цел подобрување на квалитетот на живот и зачувување на природните ресурси за идните генерации“, се наведува заклучокот на соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство Алиу
Следна Статија Украинците со ХИМАРС уништија руски конвој кај Макеевка: Голем број мртви и ранети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза…

September 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

За владиниот Лирџет веќе нема резервни делови, тврди Томовски

Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветно летало, односно соодветен владин авион и не треба да се…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник се очекуваат нови снежни врнежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта,…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја доби Петровска на суд: Екс министерката мора да се извини

Поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка на СДМ Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски, граѓанскиот суд…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?