Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скоро 16.000 работници од Македонија годинава заминале да работат во Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Скоро 16.000 работници од Македонија годинава заминале да работат во Хрватска
ЕКОНОМИЈА

Скоро 16.000 работници од Македонија годинава заминале да работат во Хрватска

Објавено October 30, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Работната миграција од Македонија останува стабилна – секоја година меѓу 15 и 25 илјади луѓе од земјава одат на сезонска работа во странство, вели Зоран Кочовски, сопственик на агенцијата за посредување при работа во странство „Коузон“, во интервју за ТВ „21“.

„Изминатава сезона најголем број Македонци беа ангажирани во Хрватска. Според нашите податоци, над 15.680 луѓе од Македонија биле регистрирани како сезонски работници во оваа земја,“ вели Кочовски.

Тој појаснува дека за Хрватска постојат официјални статистики преку нивните државни институции, додека за другите земји податоците се само приближни.

„Во Грција, според нашите сознанија, ова лето работеле околу 1.400 Македонци, во Бугарија нешто помалку од 800, а во Црна Гора бројката беше значајно намалена – околу 350 работници,“ наведува Кочовски.

Покрај традиционалните дестинации, тој забележува и раст на вработувања во Белгија, Франција и скандинавските земји, главно преку краткорочни или неформални договори.

„Забележлив е и одливот на македонска работна сила во угостителството на Кипар, што е нов тренд. Исто така, постои перманентна миграција кон Малта и делумно кон Германија и Италија,“ вели Кочовски.

Во однос на идната сезона, тој предупредува дека Европската Унија воведува нов систем на квоти за интеграција на странска работна сила, со што државите-членки ќе имаат ограничен број дозволи за вработување на странци.

„До крајот на ноември секоја земја, како што е Хрватска, ќе треба да ја усогласи својата квота со Европската Унија. Тоа значи дека повеќе нема да можат самостојно да одлучуваат колку странски работници ќе примат,“ објаснува тој.

Кочовски додава дека новите европски правила имаат цел да спречат злоупотреби – случаи кога сезонски работници по завршување на ангажманот мигрираат во други земји на ЕУ, што станува сè почеста појава.

„Дали следната година повторно ќе имаме 15 илјади Македонци во Хрватска – ќе зависи од квотите и регулативата. Ако се воведе и електронски систем на евиденција, тогаш и неформалното, односно ‘работење на црно’, ќе стане минато,“ заклучи Кочовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Средбата со Кси беше неверојатна
Следна Статија Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Аналитичарите очекуваат силен пораст на цените на нафтата

САД и Израел го нападнаа Иран рано наутро во саботата, во она што претседателот Трамп го нарече обид за уништување…

March 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кафето во Европа поевтини по долгиот раст на цените

По долг период на силен раст, цените на кафето во Германија регистрираа мал пад. Големите малопродажни синџири, вклучувајќи ги Лидл,…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Ново Нордиск“, производител на Оземпик, отпушта 9.000 луѓе

Данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, производител на популарниот лек за дијабетес и слабеење Оземпик, најави дека ќе отпушти 9.000 вработени,…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?