Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје
ЕКОНОМИЈА

Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје

Објавено February 6, 2026 20:11
Сподели
Сподели

Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број станови во новоградба кај нас, истакна гувернерот на НБРМ Трајко Славески во интервју на Телма ТВ.

„Еве, последна информација ми е, неофицијална, дека дански фонд во станови, во згради во изградба на територијата на Скопје, недалеку од Центарот, има купено 40 стана. Прашувам за што, дали ќе ги издаваат, не знаат. Мислам дека инвестицијата тука е мислејќи дека цените и натаму ќе растат, што не е гаранција“, вели Славески.

Според податоците од Народната банка, цените во четвртиот квартал од 2025 година се зголемиле за 25 проценти во однос на пред една година, а според онлајн платформата, ценаквадрат.ком, просечната цена на стан во Скопје на 9 декември (последен податок) била 2.032 евра, при што во Центар била 2.253 евра.

Во телевизиското интервју, гувернерот посочи и дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена.

Во однос на инфлацијата, беше нагласено дека се бележи стабилизирање на ценовните движења, а во одредени месеци во текот на минатата година има и намалување на ценовното ниво на месечно ниво. Народната банка очекува дека во текот на оваа година инфлацијата и натаму ќе се намалува, што е во согласност со среднорочната цел за ценовна стабилност и приближување кон инфлацијата во еврозоната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена е тешко повредена во експлозија на гас во куќа во Велгошти
Следна Статија Германија стана рекордер по затворени компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Субвенционираната авиолинија Скопје – Дубаи се одложи

Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати побарала од Министерството за транспорт и врски одложување поради објективни причини што не…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Имаме 18 000 испразнети работни места, а 32 000 семејства на социјална помош

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека голем број работни места и понатаму остануваат празни, вели заменик-министерот за социјална политика,…

December 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите коишто…

March 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги кредитираат компаниите од унгарскиот заем

Речиси сити банки прифатиле да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?