Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје
ЕКОНОМИЈА

Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје

Објавено February 6, 2026 20:11
Сподели
Сподели

Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број станови во новоградба кај нас, истакна гувернерот на НБРМ Трајко Славески во интервју на Телма ТВ.

„Еве, последна информација ми е, неофицијална, дека дански фонд во станови, во згради во изградба на територијата на Скопје, недалеку од Центарот, има купено 40 стана. Прашувам за што, дали ќе ги издаваат, не знаат. Мислам дека инвестицијата тука е мислејќи дека цените и натаму ќе растат, што не е гаранција“, вели Славески.

Според податоците од Народната банка, цените во четвртиот квартал од 2025 година се зголемиле за 25 проценти во однос на пред една година, а според онлајн платформата, ценаквадрат.ком, просечната цена на стан во Скопје на 9 декември (последен податок) била 2.032 евра, при што во Центар била 2.253 евра.

Во телевизиското интервју, гувернерот посочи и дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена.

Во однос на инфлацијата, беше нагласено дека се бележи стабилизирање на ценовните движења, а во одредени месеци во текот на минатата година има и намалување на ценовното ниво на месечно ниво. Народната банка очекува дека во текот на оваа година инфлацијата и натаму ќе се намалува, што е во согласност со среднорочната цел за ценовна стабилност и приближување кон инфлацијата во еврозоната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена е тешко повредена во експлозија на гас во куќа во Велгошти
Следна Статија Германија стана рекордер по затворени компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски : Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија

Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што…

May 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски се сретна со преставници на нафтената индустрија: Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски се сретнал со преставници на нафтената индустрија во Македонија. Разговаравме за актуелната состојба со нафтените…

March 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија остава простор до крајот на февруари Владата и работодавачите да се изјаснат за зголемувањето на…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во јуни се намали за 0, 5 проценти, на годишно ниво изнесува 3,4%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0,5%,…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?