Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти
ЕКОНОМИЈА

Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти

Објавено November 20, 2025 18:24
Сподели
Сподели

„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста и за постигнувањето одржлив раст. Последните години се одбележани со висока променливост, видлива и преку високите индекси на светската неизвесност, што значително влијае и врз процесите на носење економски одлуки“, истакнува гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во колумната објавена во едицијата „Топ 100 извозници“.

„Високата светска променливост и непредвидливост веќе половина деценија се неизбежен дел од матрицата на одлучување на сите носители на одлуки. Се чини дека единствената константа во овој период е неизвесноста. Ова е видливо и преку квантитативните индекси, на пример индексот на светската неизвесност, којшто се одржува на историски највисоки нивоа. Секако, ова не е важно само за нас како носители на макроекономски одлуки, туку и за приватниот сектор, којшто треба да носи инвестициски одлуки, да одлучува за нови проекти, да дефинира среднорочни бизнис-планови“, посочува гувернерот Славески, којшто се осврнува и на новите трговски политики на САД коишто создадоа дополнителни притисоци врз меѓународната трговија.

„Македонската економија не беше исклучок во однос на примената на новите мерки. Иако најавената царина кон нашите производи првично изнесуваше 33%, подоцна таа беше намалена на 15%. Со оглед на ниското учество на извозот кон САД (0,9% во просек во последните пет години, или 1,4% во 2024 година), директните ефекти врз домашната економија се ограничени. Се очекуваат индиректни поголеми влијанија, преку можните последици врз европската економија како наш најзначаен трговски партнер“, нагласува гувернерот, осврнувајќи се на повисоката директна изложеност на извозот на Европската Унија кон американскиот пазар. Гувернерот додаде и дека покрај првичните загрижувачки очекувања, светската економија досега покажува релативна отпорност, а трговските текови се приспособуваат побрзо од очекуваното. Ова се одразува и во проекциите за македонската економија, според кои се очекува постепено зајакнување на странската побарувачка и умерено забрзување на извозната активност во 2026 година.

„За нас, како мала и отворена економија, светските услови се од исклучително значење, но стабилната економска основа претставува важен предуслов за успешно справување со непредвидливите екстерни шокови. Низ овој турбулентен период исполнет со постојани предизвици, Народната банка и натаму ќе биде цврсто посветена на остварувањето на своите цели – одржување на ценовната стабилност на среден рок и задржување на стабилноста на финансискиот систем“, оценува гувернерот Славески во новата едиција на „Топ 100 извозници“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за „Тритерол Петрол“ и управителите поради фалсификување и злоупотреба при јавни набавки
Следна Статија Затруено дете во Куманово, испило повеќе таблети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Магна“ со нова фабрика во Штип

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот…

March 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина

После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Новата пруга ќе ја пуштиме во употреба со нови возови и реконструирани железнички станици

Новата брза пруга ќе почне да се гради оваа есен или зима и ќе биде готова за пет години од…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инвестициите во Кина паѓаат трет месец по ред – Економски предизвици и можности

Продлабочениот пад и најслабиот раст на малопродажбата во последните 3 години ги нагласуваатeconomските предизвици за Пекинг

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?