Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз

Објавено January 12, 2026 11:39
Сподели
Сподели

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички изобличен од цените на авионскиот превоз, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4 проценти, при што растот се должи исклучиво на категоријата „транспорт“, каде што цените во истиот период пораснале за 5,8 проценти.

Славески посочува дека ваквото движење е невообичаено со оглед на стабилните цени на горивата и непроменетите цени во јавниот превоз. Според структурата на индексот, клучен фактор за растот е енормното зголемување на цените на авионскиот превоз, кои во декември минатата година пораснале за дури 42 проценти. Доколку од пресметката на индексот на цени за декември 2025 година се изостави транспортот, односно авионскиот превоз како целосно странска компонента, месечната инфлација во однос на претходниот месец би изнесувала точно 0,0 проценти, наведува гувернерот.

Ова, посочува Славески, е јасен сигнал дека инфлацијата е стабилна и дека постојат добри основи 2025 година да ја завршиме со стапка на инфлација под 3 проценти.

Државниот завод за статистика на 8-ми месецов објави дека Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти,

Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 проценти, а индексот на цените на мало од 3,6 проценти.Движењето на индексот на трошоците на живот во 2025 година се разликува кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2 проценти, Рекреација и култура за 6,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 5,2 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4,6 проценти, Разновидни стоки и услуги за 3,7 проценти, Облека и обувки, Здравје за 3,1 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,8 процент, Комуникации за 1,3 процент, Транспорт за 0,8 проценти и Образование за 0,1 проценти.

ДЗС појасни дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Транспорт за 5,8 проценти, Рекреација и култура за 0,8 проценти, Здравје за 0,7 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, Ресторани и хотели за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти.

Во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година намалување на трошоците на животот има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и Облека и обувки за 0,2 проценти, а во Образование и Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алфа Ромео Џулија Квадрифоглио доби специјално издание со необичен спојлер
Следна Статија Руско-украинска војна: Клучни настани на ден 1.417

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азиско-пацифичките пазари се отворија пониско во последниот ден на тргување

Азиско-пацифичките пазари беа подготвени за скромни добивки во скратениот празничен ден

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

За 10 денари повисоки цените на цигарите

Некои од најпопуларните брендови на цигари, вклучувајќи ги Родео, Бос, Давидов и Вест, од вчера имаат повисоки цени, односно се…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа!

Цените на храната во Македонија се најниски од цела Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Собранието на Република Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?