Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Објавено August 11, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година.

Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал обем. Препорачливо е дома да се има готовина за основните потреби за период од барем неколку дена до недела, наведе гувернерот на социјалната мрежа X, додавајќи дека приврзаниците на кешот ја истакнуваат неговата анонимност и слобода, што, според него, е став кој треба да се почитува.

Истовремено, Славески истакна дека постои нерамномерна покриеност со банкомати низ земјата, поради што ќе се иницира создавање на национална мрежа на банкомати. Таа мрежа ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација во интерес на граѓаните и самите банки.

Според плановите, националната мрежа на банкомати треба да заживее до крајот на 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во Газа (ВИДЕО)
Следна Статија Јаневски: Бившото СЈО се уште владее во Македонија, додека не ја погреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја претставува нашата…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: Се разгледаа важни прашања од заеднички интерес на денешната меѓувладина седница во Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија. Седницата којашто ја предводевме…

September 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекуваме инфлацијата да се намалува во следниот период

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период…

October 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на МАСИТ Комората и изрази благодарност до претседателката на МАСИТ Комората, бидејќи, како…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?