Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески на средби со ММФ: Народната банка води претпазлива и конзистентна политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески на средби со ММФ: Народната банка води претпазлива и конзистентна политика
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Народната банка води претпазлива и конзистентна политика

Објавено April 17, 2026 15:29
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон. На средбите присуствуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Гувернерот Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, извршниот директор Јерун Клик и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили.

На средбите се разговараше за најновите светски и домашни макроекономски случувања, при што беше нагласено дека зголемените геополитички тензии, вклучително и конфликтот на Блискиот Исток, придонесуваат за засилена неизвесност во светската економија и влијаат врз изгледите за раст.

Во однос на домашната економија, беше оценето дека досегашните трендови се поволни, а добрите политики овозможија да се задржи стабилноста на макроекономските основи. Сепак, со оглед на неизвесноста околу времетраењето и силината на превирањата во светот, се истакнува потребата од понатамошна внимателност и подготвеност за соодветна реакција.

Гувернерот Славески истакна дека Народната банка води претпазлива и конзистентна монетарна политика, насочена кон одржување на ценовната и финансиската стабилност. Притоа, тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи светските движења и нивното влијание врз домашните показатели, заради навремена и соодветна реакција преку расположливите инструменти. На состаноците се разгледа и новата монетарна рамка на Народната банка, со која се овозможува поефикасно и пофлексибилно водење на монетарната политика, што е особено важно во услови на ненадејни и неповолни промени во економското окружување.

Беше потврдена и постојаната успешна соработка меѓу Народната банка и ММФ, којашто и во наредниот период ќе биде насочена кон понатамошно зајакнување на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азиските берзи растат, нафтата под 100 долари
Следна Статија Бројот на жртви во нападот во турското училиште се искачи на 10, истрагата води до оружјето на таткото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими

Започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по…

March 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси…

May 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Биткоинот се доближува до нов рекорд

Цената на биткоинот вчера значајно порасна, приближувајќи се до своето рекордно ниво, додека блокирањето на работата на американската влада влегува…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, истакна во Охрид при посетата на „Костал“, вицепремиерот…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?