Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески смета дека банкарските услуги треба да се бесплатни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески смета дека банкарските услуги треба да се бесплатни
ЕКОНОМИЈА

Славески смета дека банкарските услуги треба да се бесплатни

Објавено June 16, 2026 21:25
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, смета дека основните банкарски услуги во Македонија треба да бидат бесплатни, по примерот на Хрватска, каде што дел од услугите од платниот промет се регулирани со закон и не се наплатуваат на граѓаните.

Коментарот на Славески доаѓа во период кога дел од банките најавија зголемување на провизиите за одредени услуги од 1 август, што предизвика реакции кај граѓаните, синдикатите и политичките партии.

„Народната банка нема законска надлежност да ги одобрува провизиите што ги наплатуваат банките. Минатата година, согледувајќи ги забелешките на граѓаните, презедовме мерки за нивно намалување. Сега неколку банки најавуваат ново зголемување, но не гледаме економска оправданост за таков потег, бидејќи банкарскиот сектор работи стабилно и остварува добри резултати“, изјави Славески.

Тој посочи дека една од поголемите банки веќе ја одложила примената на новите тарифи за неколку месеци, додека во меѓувреме продолжуваат разговорите за можни решенија кои би ги намалиле трошоците за граѓаните.

Според гувернерот, услугите поврзани со платниот промет треба да се третираат како јавна услуга од општ интерес.

„Мојот став е дека платниот промет е јавно добро. Тоа е услуга која по својата важност не се разликува многу од снабдувањето со струја, вода или телекомуникациските услуги. Затоа треба сериозно да се разгледа можноста основните банкарски услуги да бидат бесплатни“, нагласи Славески.

Тој откри дека Народната банка веќе разговарала со Министерството за финансии и со Македонската банкарска асоцијација за изнаоѓање модел со кој би се намалиле цените на одредени банкарски услуги и би се ограничил дополнителниот товар врз граѓаните.

Во однос на различните ставови со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска околу потребата од законски измени, Славески рече дека институциите имаат добра соработка, иако понекогаш имаат различни гледишта за начинот на решавање на проблемите.

Според најавите на банките, од август провизиите за дел од услугите би можеле да се зголемат за околу 30 проценти. Поскапувањето ќе ги опфати плаќањата на шалтер, одржувањето на платежни и девизни сметки, дигиталното банкарство, меѓународните трансфери и дел од услугите поврзани со кредитите.

Најголемо зголемување се очекува кај плаќањето режиски сметки во готово, каде што провизијата би пораснала од 90 на 120 денари по трансакција.

Најавеното поскапување предизвика критики од синдикатите и дел од политичките партии, кои предупредуваат дека дополнителните банкарски трошоци ќе претставуваат нов удар врз семејните буџети во услови на високи цени и зголемени животни трошоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија
Следна Статија Трамп вели дека Ормутскиот теснец ќе биде отворен без наплата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Наследникот на Ворен Бафет размислува да ги продаде акциите на Kraft Heinz

Новиот извршен директор на Berkshire Hathaway евентуално размислува за својот прв значаен потег по преземањето на должноста.

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Последните 696 пари вредеа 16,7 милиони долари

Финалните пари произведени од американскиот монетен завод беа продадени во 232 лотови по три пари

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски го отвори Виена економскиот форум

Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?