Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија
БАЛКАН

Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија

Објавено June 16, 2026 21:23
Сподели
Сподели

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, го осуди палењето на двете дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, оценувајќи го како без преседан инцидент. Таа изјави дека го доживува инцидентот како напад врз Бугарија.

– Без преседан инцидент. Палењето на дипломатски возила е напад врз бугарската држава, јас лично го гледам како напад врз Бугарија-рече Јотова.

Оваа изјава на бугарската претседателка доаѓа откако македонските власти, Владата и Министерството за надворешни работи, остро го осудија вандалскиот чин, а од вчера сторителот е уапсен.

Денеска и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, остро го осуди инцидентот, истакнувајќи дека насилството нема да биде дозволено и нема да се толерира.

– Лицето кое се сомничи за палењето на возилото е многу брзо идентификувано и обезбедено од МВР, во соработка со Агенцијата за национална безбедност, кои исто така беа вклучени во давање клучни информации за ова кривично дело. Според информациите што ги имам од началникот на СВР Скопје, сметам дека јавниот обвинител ќе го процесуира случајот по забрзана постапка, па во текот на денот ќе има соопштение од Обвинителството и Судот за понатамошните чекори“, рече Тошковски.

Во однос на мотивите за инцидентот, министерот рече дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води согласно законските процедури.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните кај матичните ќе се изјаснуваат дали сакаат да бидат дaрители на органи по нивната смрт
Следна Статија Славески смета дека банкарските услуги треба да се бесплатни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме

Владата на Босна и Херцеговина планира до крајот на неделата да донесе одлука да ги намали цените и да ги…

February 5, 2025
БАЛКАН

Хрватски воен пилот и неговата девојка од Косово шпионирале за Србија

На војниот пилот на Хрватското воено воздухопловство Ј.И. од Сплит и неговата девојка А.М. од Косовска Митровица им е одреден…

August 28, 2025
БАЛКАН

(Видео) Српската полиција приведе демонстрант и го стави во автомобил, тој излезе од другата врата

На социјалните мрежи се споделува видео снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната…

April 9, 2025
БАЛКАН

Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?