Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон и од СДСМ за Гоце Делчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон и од СДСМ за Гоце Делчев
ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон и од СДСМ за Гоце Делчев

Објавено April 30, 2026 19:52
Сподели
Сподели

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ се огради од изјавата на членот на Извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон во која тој го оспори делото на Гоце Делчев.

Како член на СДСМ и како почитувач на темелните вредности се оградувам од секоја помисла за доведување во прашање на значењето на Великанот и неговиот влог во слободата што ја живееме денес. Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска свест и одговорност кон генерациите што доаѓаат. Му се поклонувам на Великанот Гоце Делчев, кому му се поклонуваат државници од целиот свет“, напиша Петровска.

Во продолжение целата објава на Петровска од нејзиниот профил на Фејсбук:

„Гоце Делчев не е само историска личност од нашето минато, туку жива морална и национална вертикала врз која се темели македонската државотворна свест. Неговиот лик и неговото дело се длабоко вградени во колективната меморија на македонскиот народ, во нашата борба за слобода, правда и самобитност.

СДСМ е партија што својата идеолошка и политичка традиција ја гради врз темелите на АСНОМ, антифашистичката борба и непоколебливата определба за заштита на македонскиот идентитет, јазик и историска посебност. Тие вредности не смеат да бидат предмет на компромис, ниту пак со било какво дејствување да бидат доведени во прашање од позиции во рамки на партиските органи.

Верувам дека е време сите, со одговорност и зрелост, да се навратиме на суштината: кои се вредностите што ги застапуваме, кого претставуваме и каква политичка порака испраќаме кон граѓаните. Не е доволно само декларативно да се повикуваме на нашите историски корени, ако во пракса не покажуваме доследност кон нив.

Како член на СДСМ и како почитувач на темелните вредности се оградувам од секоја помисла за доведување во прашање на значењето на Великанот и неговиот влог во слободата што ја живееме денес.

Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска свест и одговорност кон генерациите што доаѓаат.

Му се поклонувам на Великанот Гоце Делчев, кому му се поклонуваат државници од целиот свет.

И повторно, загрижено ќе напишам: Ако не се промениме, ќе исчезнеме!“

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вандал влегол во штипско училиште и уништил смарт табли, компјутери, инвентар и со спреј испишал недолични пораки
Следна Статија 19-годишен мотоциклист загина рано утрово во Прилеп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Стоилковиќ и Геровски – медиумски гасови

По навредите на Геро за претседателот на СДСМ и членовите на партијата од типот „скотови“ „будали“ „штабот на будалите“, по…

January 19, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош

Новиот Извештај на Европскиот парламент е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила изминатите повеќе од една деценија. Во…

June 30, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта, изјави денеска Петар Огњеновиќ,…

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?