Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вандал влегол во штипско училиште и уништил смарт табли, компјутери, инвентар и со спреј испишал недолични пораки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вандал влегол во штипско училиште и уништил смарт табли, компјутери, инвентар и со спреј испишал недолични пораки
ХРОНИКА

Вандал влегол во штипско училиште и уништил смарт табли, компјутери, инвентар и со спреј испишал недолични пораки

Објавено April 30, 2026 19:47
Сподели
Сподели

Вандалски чин во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип е причина што денеска нема редовна настава за над 1.100 ученици во ова училиште, кое се наоѓа во централното градско подрачје во Штип, потврди во изјава за медиумите директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ Кокан Радев. Уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери. Вандалот со спреј и остар предмет ги правел штетите низ училиштето, а на ѕидовите со спреј испишал и недолчични пораки.

Тој истакна дека е направена голема материјална штета во кабинетите за предметна настава. Вандалот единствено не успеал да влезе во кабинетот по хемија, бидејќи бил заклучен. Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето вандалот влегол околу полноќ.

Лицето влегува од страна на фискултураната сала, таму се задржува извесно време, не сакам да дадам колку време, бидејќи не сакам да дадам неточен податок. Потоа влегува во просториите каде што се учениците, каде се одвива наставата. Штетата е нанесена во делот од преметна настава, во поголемиот дел од кабинетите. Штетата е материјална проценката се уште трае и увидот. Нанесени се содржини со спреј на ѕидовите, на клупите, смарт табли, на таблите во училниците. Се работи за голема материјална штета- вели Радев.

Потврдува дека вандалскиот чин го сторило едно лице, според она што безбедносните камери во училиштето го имаат регистрирано.

Една камера е испрскана со спреј. Но и самата таа камера додека трае тоа покривање на камерата со спреј го снима, во неколку пати се обидува, таа е високо посатвена за конечно да успее- рече Радев.

Тој истакна дека штетата е направена на катовите, каде што се одвива предметната настава за учениците од петто до деветто одделение.

На приземјето нема штета, барем се уште не сме забележале, освен обивањето кое е на приземјето. Направена е штета на мал дел од првиот и на вториот и третиот кат- посочи Радев.

Тој се надева дека во наредните три дена ќе се адатпираат предметните кабинети за настава во училиштето, со што од понеделник би почнала редовната настава, за што дополнително ќе бидат известени родителите и учениците. Од раните утрински часови се одвива увидот од страна на истражните органи. Ова е прв ваков упад и вандалски чин во најголемото централно училиште во Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ – од денеска сум независен пратеник
Следна Статија Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон и од СДСМ за Гоце Делчев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите

Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.Џ.(34), М.Џ.(33)…

October 29, 2024
ХРОНИКА

Апелација: Гаранцијата од 600 илјади евра- причина на нарко бос да му биде укинат притворот

Гаранцијата од 600 илјади евра во имот била пресудна Апелација да му го укине притворот на првоосомничениот водач на нарко…

March 9, 2025
ХРОНИКА

Осомничен од гостиварско приведен за силување малолетничка и објавување снимки

Дваесет и деветгодишен жител на гостиварско Здуње е приведен по сомнение дека силувал малолетничка на подрачјето на Гостивар и потоа…

April 25, 2026
ХРОНИКА

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?